7.8 C
Скопје
12:40 - 23 ноември, 2024

Филипче најави протокол од 4 дела за спроведување на изборите, предлогот ќе го достави до Спасовски и Пендаровски

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека на барање на претседателот Пендаровски Комисијата за заразни болести изработи протокол за изборната кампања за целокупниот процес на гласање. Овој протокол беше едногласно поддржан од сите членови на комисијата и истот мора целосно да се спроведува.

Тој произлегува од генералните препораки, дополнително предидува мерки и ограничувања, поединечни активности на партии, организација на собири и здравствениот протокол за денот на гласањето. Тој е составен од 4 дела и истите ќе бидат доставени до премиерот Спасовски и претседателот Пендаровски.

Согласно генералните препораки, одржување на сите активности на партиите треба да се одвиваат исклучително со почитување на физичката дистанца, носење заштитна маска и често миење на рацете и дезинфекција.

За спроведување на кампањата предлозите се, при одржување на било какви собири мора да се почитуваат сите овие мерки. Собирите на отворен и затворен простор секогаш да ги почитуваат овие мерки и согласно бројот на учесници. Дури и за помали собири да се користат разгласни уреди за озвучување за да се избегне концентрирање на луѓето на помал простор.

Кампањата врата на врата мора да се води според истите протоколи. Партиските активности во штабовите ако може да се одржуваат на отворено, задржување во просториите не треба да е повеќе од 2 часа и да се врши редовна дезинфекција.

Штандовите да не служат како место за собирање голем број граѓани и да нема голем број активнисти, најмногу двајца.

Партиски превоз мора да е до 50 отсто и сите внатре да се со заштитна опрема и превозниците да обезбедат дезинфекциски средства.

За денот на гласањето, просторијата мора да се проветрува постојано, да има средство за дезинфекција, дистанца од 2 метри додека се чека, подавање на лична карта се трга маската и држат дистанца, по гласањето пак се дезинфицираат рацете. Просторијата да нема повеќе гласачи од боксовите за гласање. Препорачано е зголемено време за гласање од плус 2 часа.

The post Филипче најави протокол од 4 дела за спроведување на изборите, предлогот ќе го достави до Спасовски и Пендаровски appeared first on Слободен печат.


Филипче најави протокол од 4 дела за спроведување на изборите, предлогот ќе го достави до Спасовски и Пендаровски was first posted on мај 14, 2020 at 11:38 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....