0.8 C
Скопје
10:21 - 19 декември, 2024

Филипче: Ќе отпочнат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8 Септември“

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче оствари средба со синдикатот на ГОБ „8ми Септември“ и претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита – Љубиша Каранфиловски.

На средбата е разговарано по барањето на вработените во болницата, ковид пациентите да останат на првиот каде има централен довод на кислород и инфективното одделение, а другиот дел од болницата да се ослободи и да продолжи да функционира за останататите пациенти.

„Имаат сосема легитимно барање и во овој момент не е тешко, ниту невозможно да се одговори на ова. Барањата се да се ослободи еден од катовите во болницата „8ми Септември“, за да може дел од вообичаената работа, особено во делот на кардиологијата да започне да се организира, онака како што беше организирано претходно. Тоа би значело дека од сегашниот број на кревети, помеѓу 70 и 75 и натаму ќе бидат наменети за пациенти со ковид-19, а останатите 20 ќе се ослободат“ – информира министерот Филипче.

Филипче ги извести вработените на болницата дека во наредните десетина дена ќе почнат подготовките за ослободување на капацитетите на болницата „8ми септември“, со активирање на модуларната болница која располага со капацитет од 72 болнички кревети и целата потребна опрема, а таму е завршено и поставувањето на централниот довод на кислород.

The post Филипче: Ќе отпочнат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8 Септември“ appeared first on Слободен печат.


Филипче: Ќе отпочнат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8 Септември“ was first posted on јули 11, 2020 at 9:34 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....