2.8 C
Скопје
18:15 - 23 декември, 2024

Еве зошто Ердоган го одбра токму денешниот ден за да влезе и да се моли во Аја Софија

Ердоган се одлучи на тој чекор токму на 97. годишнина од Договорот во Лозано од 1923 година, оцени за грчкиот портал Екатимерини, Никос Констандарас.

„Изгледа дека неговата желба да ѝ создаде проблеми на Грција и остатокот на Европската унија е дел од прославата“, оценува тој во текстот.

Тој додава дека Ердоган испратил истражувачки брод со поморска придружба во потрага по нафта на подрачје кое е дел од континенталиот појас на Грција.

„Со денешната молитва под величествената купола на Аја Софија, со скриените неспоредливо најубави христијански мозаици, Ердоган прави сѐ што може за да ги поништи достигнувањата на основачот на секуларната турска држава“, оценува Констандарас.

Потсетува дека Мустафа Кемал Ататурк го поздрави Договорот во Лозано од 1923 година како „неспоредлива политичка победа во историјата на отоманската ера“.

Ердоган заедно со минситрите во турската влада ја разгледуваат внатрешноста на Аја Софија пред првата муслиманска молитва/ФОТО: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Според неговиот биограф Андре Манго, освен што воспоставил мир меѓу Турција и главните сојузници – Британија, Франција и Италија – и меѓу Турција и Грција, Договорот ја „призна Турција како независна држава, ги поправи нејзините граници и врз неа се применети принципи и стандарди важечки во ‘цивилизираниот свет’, на што Мустафа Кемал отсекогаш инсистирал“.

„Тогаш биле потребни 7 години интензивна дипломатија за да се постигне грчко-турски договор за пријателство. Набрзо после тоа, Ататурк Аја Софија ја претвори во музеј“, додава тој за грчкиот портал.

Големата катедрала, завршена 537. година, прогласена е за џамија кога Мехмед II во 1453 година го освои Цариград.

„Сега Ердоган се обидува да го избрише наследството на Ататурк, претставувајќи се наследник на освојувачите и како обновител на Османлиското царство. Тоа ги објаснува и зачестените кршења на границите и суверенитетот на соседните земји, постојаните предизвикувања на Грција и Кипар, сѐ поголем воен и политички авантуризам. Единствено со своите автократски методи го имитира Ататурк, и тогаш само за да постигне спротивна цел – да воспостави политички ислам на власт, не само во Турција, туку и ширум регионот“, наведе тој.

Констандарас оценува дека Ердоган инсистира на навредување не само на Грците, туку и на кршење на она што Ататурк го нарекуваше принципи на „цивилизираниот свет“.

„Користејќи средновековно однесување – Ердоган сака неговите луѓе да го игнорираат фактот дека турската еконимија се потпира на поддршката од Катар и другите, дека сѐ поголемата воинственост во Турција ќе принуди сѐ повеќе и повеќе земји да се здружат против него. Заслепен од своето натпреварување за слава, тој не гледа дека неговите досегашни успеси се главно резултат на смирување и рамнодушност на другите за тие кои сега го поддржуваа брзо да се свртат против него“, оцени тој.

Како што додаде, можеби Ердоган ги гледа опасностите кои се пред нас и затоа денеска е во такво брзање за да прослави – три години порано од многу поважната, 100-та годишнина од основањето на турската република.

 

The post Еве зошто Ердоган го одбра токму денешниот ден за да влезе и да се моли во Аја Софија appeared first on Слободен печат.


Еве зошто Ердоган го одбра токму денешниот ден за да влезе и да се моли во Аја Софија was first posted on јули 24, 2020 at 8:13 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....