5.8 C
Скопје
16:08 - 22 декември, 2024

Ердоган со указ им забрани на бегалците премин преку Егејско море

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган вчера издаде наредба крајбрежната стража да не им дозволува на бегалците, поради нивна безбедност, да го преминуваат Егејско Море.

– Илегалните премини на бегалците преку Егејско Море не се дозволени бидејќи се опасни, соопшти турската крајбрежна стража повикувајќи се на претседателскиот указ.

Спроведувањето на мерката ќе го надгледува турското Министерство за внатрешни работи.

– Иако начелото на неинтервенирање во случај бегалците да сакаат да ја напуштат Турција и понатаму ќе се спроведува, таквиот пристап не покрива преминување преку море поради опасноста по живот, се наведува во соопштението на турската крајбрежна стража.

Турската крајбрежна стража ја обвинува Грција дека ги крши меѓународните закони со тоа што ги доведува во опасност чамците со бегалци и мигранти и тврди дека во четвртокот спасила 100 мигранти од три бродови кои тонеле, а грчката крајбрежна стража не реагирала.

The post Ердоган со указ им забрани на бегалците премин преку Егејско море appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....