-2.2 C
Скопје
06:21 - 19 ноември, 2024

Епидeмиолози: Не е точно дека 50 отсто од населението е инфицирано со ковид-19, кои се мотивите за ваква изјава, не навлегуваме

Вкупната бројка на заболени од ковид-19 кои се лабораториски потврдени се 10.315,  а вистинаската бројка е веројатно поголема, но колку е точно, не може да се знае без направен скриниг, велат нашите епидемилозите во врска со проценките на австриски лекар кој вели дека половина од населението на Западен Балкан е заразено со новиот вирус, споредувајќи ја состојбата кај нас со таа во кинескиот Вухан.

Австриски експерт тврди: Половина од населението во Западен Балкан е заразено со коронавирус

– Без податоци од спроведено популациско испитување на серопреваленција, сите изнесени тези не вредат ни пет пари. Остануваат на ниво на шпекулации. Во мотивите не сакам да навлегувам. А такво испитивање кај нас не е направено – вели проф.д-р Драган Даниловски.

На слична линија е и неговиот колега од Центарот за јавно здравје во Скопје, Александар Стојанов кој е член на Комисијата за заразни заболувања.

– Кога се во прашање заразните заболувања, не само ковид-19 туку и другите, како морбили на пример, речиси секогаш реалната бројка е поголема од таа која е пријавена. Но дали е 10 или 20 отсто или повеќе не може да се знае ако не се испита целото население. И тоа важи само за одреден период, зошто потоа состојбата се менува. Скрининг направивме на вработените во детските градинки, 1.900 теста во Скопје и околу 4.000 низ Македонија и две имаше позитивни. Но тоа беше пред повеќе од еден месец. За да може да се даде поточна и релевантна проценка пресметана по формула, треба да имате статистика од седум години за да може да се види трендот на одредена болест – објаснува Стојанов.

Тој вели дека на 10.000 заболени кои се лабораториски потврдени, ако имаме милион болни реално многу ќе биде поголем бројот и на оние кои се лекуваат болнички. Според статистиката на Институтот за јавно здравје, половина од заболените се активни случаи.

Шефот на Одделот за хумана медицина на австриската Агенција за безбедност на храна (АГЕС), Франц Алербергер, проценува дека стапката на зараза со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е 50 проценти.

Алербергер за виенскиот неделник „Профил” изјави дека смета оти заразата на Балканот е десет пати поголема отколку што покажуваат официјалните бројки.

– Локалното население во Вухан или Ишгл го имаше тој степен на заразеност, рече тој, потсетувајќи дека во австрискиот ски центар Ишгл, кој беше европско жариште на почетокот на пандемијата, стапката на зараза беше 43 проценти според серолошките тестови.

Австрија ги стави земјите од Западен Балкан на листата на високо ризични земји во однос на зараза со коронавирусот.

 

The post Епидeмиолози: Не е точно дека 50 отсто од населението е инфицирано со ковид-19, кои се мотивите за ваква изјава, не навлегуваме appeared first on Слободен печат.


Епидeмиолози: Не е точно дека 50 отсто од населението е инфицирано со ковид-19, кои се мотивите за ваква изјава, не навлегуваме was first posted on јули 28, 2020 at 2:57 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....