8.8 C
Скопје
16:19 - 26 ноември, 2024

Епидемиолошки „Руски рулет“

Ете што била работата: дечкото, кој е сопственик на скопскиот бар „Мош“, викендов се женел, за докторка од Штип. „Викенд за паметење!“, вели еден од порталите кои ја објавија веста. Особено ќе го паметат оние кои, бездруго, се заразиле на веселбата во барот. Нека им е со среќа на младите и на оние кои ќе легнат болни, па кој преживее ќе ги прераскажува впечатоците од веселбата. Можеби ќе ги лекува прекрасната невеста, младата докторка, бидејќи покажува, со личен пример, висока свест за професијата. „Мош“, пригодно, би можел да се преименува во „Мошти“.

Со вакво однесување на еден дел од јавноста, мојата лаичка прогноза е дека до Нова година бројката на заразени во Македонија ќе достигне до 1.000 души дневно. Подрумите во болниците преку ноќ ќе се прогласуваат за корона-одделенија. Многумина кои ова го читате – вклучувајќи ме и мене – можно е да се најдеме поименично во тие списоци на новозаразени. Тој ризик на голем број луѓе, особено на помладите, им стана прифатлив, бидејќи нема друг начин како да се објасни желбата да се сочува социјалниот живот по секоја цена, па макар асимптоматски да се зарази целото семејство.

Но, едно се личните одговорности на оние кои си играат епидемиолошки „Руски рулет“ со јавното здравје, а друго е кога на државата ѝ се случува ВТОРА ВЕЧЕР на забава во „Мошти“. Наќе Ќулев, во меѓувреме, замина во, барем привремена, заслужена политичка пензија и нема добар изговор за повторената забава, со истиот некаков српски пеач, во истиот ноќен бар. Таков бил Законот?! Па, тоа е како за време на поплава да кажете дека Законот забранува бањање во надојдената вода; или при тековна пљачка на банка, полицијата да чека на зелено светло на пешачки за да ја помине улицата; или како кога гори стан пожарникарите да останат пред вратата бидејќи не работи ѕвончето…

А може ли обратно: исклучете му ја водата и струјата на барот пред да почне забавата, па после газдата нека докажува каков е Законот. Да не спомнувам подемонстративни методи за тоа што може да ѝ се случи на една кафеана кога газдата сака да спроведува Закон на џунглата. Впрочем, да ве потсетам, на „Мош“ немало да му падне на памет волку дрско да си игра со општото здравје доколку, пред некој месец, оние скопски кафеани каде – памтите? – се играше по маси беа избришани од регистарот на угостителски локали.

Вака, би се обложил дека ќе има стотици луѓе кои уште вечерва ќе отидат во „Мош“ со песна и дигнати чашки да му честитаат на газдата што излегол поголем мангуп од власта! Па, така и е. Треба некој надлежен од власта да понесе политичка одговорност за неспособноста да се заштити јавниот интерес.

А точно е дека заради неколку неодговорни кафеанџии, сега последиците од засилување на мерките ќе ги истрпи целиот угостителски сектор. А и големиот број од нас кои, и кога седиме деновиве на кафе или ручек во кафеана, се трудиме да држиме дистанца, да не си плукаме в лице со пеење и меѓусебно гушкање и да ставиме маска барем кога одиме до тоалетот… И тоа, наскоро, ќе биде забрането.

Нè чека тешка епидемиолошка есен и зима. Секој може да биде заразен. Разумно е – а и по Закон! – тоа да не се прави намерно. Имено, за слободата се работи.

The post Епидемиолошки „Руски рулет“ appeared first on Слободен печат.


Епидемиолошки „Руски рулет“ was first posted on октомври 5, 2020 at 9:49 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....