Странските медиуми пишуваат дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун (36) е во тешка здравствена состојба по операцијата на срцето, иако Северна Кореја го негира тоа.
Во случај на најлошо сценарио, личноста која би можела да го наследи е неговата сестра Ким Џо Џонг. Сè е секако на ниво на шпекулации, со оглед на тоа што Ким јасно не го прецизирал планот за ваква ситуација.
Која е Ким Џо Џонг?
Минатата година помладата сестра на севернокорејскиот лидер го привлече вниманието на јавноста на западниот свет, па се пишуваше за неа по кратката средба на Ким Џонг Ун со претседателот на САД, Доналд Трамп во демилитизираната зона.
Меѓутоа, исто така се пишуваше и за нејзиното влијание во земјата, како и за влијанието што го има на брат и. Таа беше единствена жена која присуствуваше на преговорите на делегациите на Северна и Јужна Кореја и тогаш во јавноста се зацврсти впечатокот дека му е најблиска соработничка на Ким и втората најмоќна фигура во земјата.
Нејзиниот углед и влијанието во јавноста константно ртастат од 2014 година кога ја добила клучната улога заменик-директор на режимското одделение за пропаганда и агитација на Работничката партија, а се ширеа гласини и дека накратко ја водела државата додека Ким Џонг Ун во 2014 година се опоравувал од дијабетес.
Дипломатите ја опишуваат како жена која одлично зборува повеќе странски јазици, но е и исклучително шармантна и невообичаено опуштена.
За нејзе малку се знае – има 31 година, а во 2014 година стапила во брак со синот на еден истакнат политичар од земјата, Чо Сонг.
Се зборува дека во 2015 година добила дете, но тоа никогаш официјално не е потврдено.
The post Единствено нејзе Ким Џонг Ун ѝ верува: Која е Ким Џо Џонг и дали таа ќе биде следната владетелка на Северна Кореја? appeared first on Слободен печат.