2.8 C
Скопје
18:58 - 23 декември, 2024

Двајца пациенти добиваат пресаден бубрег, срце никој не сакал да прими

Во моментов на Клиниката за урологија во тек е уште една трансплантација на бубрези од пациент во состојба на мозочна смрт. Едниот бубрег се трансплантира на 35 годишна пациентка, а втората трансплантација ќе се изведе по завршување на првата.

Донорот на органите е 46 годишен пациент кај кој вчера била потврдена мозочна смрт. Семејството на донорот дало согласност да се трансплантира и неговото срце, но тоа не се случило, бидејќи како што неофицијално дознаваме потенцијалните приматели на органот не прифатиле да се трансплантираат иако двајца од нив се во тешка состојба и се највисоко на листата на пациенти кои чекаат трансплантација на срце.

Трансплантација им била понудена уште на двајца кои се на оваа листа, но и тие не се согласиле.

Ова е втор пат во последните месеци да имаме трансплантација на органи од пациент во мозочна смрт. Во претходниот случај беа предадени 2 бубрези од кои едниот беше отфрлен и срце. Пациентот кој го прими срцето во стабилна здравствена состојба беше пуштен на домашно лекување. Тоа беше прв случај на трансплантација на срце кај нас.

The post Двајца пациенти добиваат пресаден бубрег, срце никој не сакал да прими appeared first on Слободен печат.


Двајца пациенти добиваат пресаден бубрег, срце никој не сакал да прими was first posted on јули 31, 2020 at 10:24 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....