0.8 C
Скопје
17:45 - 22 декември, 2024

Докторката заболена од коронавирус не сакала да се пријави и покрај инсистирањето од колегите

Директорката на клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, која е четвртиот потврден случај на заболен од коронавирус во земјава, уште кога се вратила од скијање на Доломити, Италија, во регионот каде најмногу е раширен вирусот, била предупредена од колегите да не доаѓа на работа согласно препораката на Министертсвото за здравство, оние кои престојувале во зафатени региони, да останат дома во изолација.

Лекарски извори велат дека за непочитување на препораката од страна на докторката, информација била испратена и до Министерството за здравство, за што директорката се налутила, па дури, како што се шпекулира, се заканувала со откази на клиниката.

Од Министерството за здравство, ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат ваквата информација.

Министерството за здравство засега не ја потрвдува ниту информацијата дека во саботата директорката учествувала и на стручен состанок на дерматолози во ресторанот „Рагуза“.

Засега се знае дека таа пет дена одела на работа додека вирусот бил во фаза на инкубација и била во контакт со другите вработени на клиниката како и со пациенти кои престојуваат таму. Епидемиолошки е важно што оваа клиника е сместена во зградата на Интерни клиники каде всушност има уште неколку други клиники, односно стотици вработени и уште повеќе пациенти. По истите ходници, истите влезови и излези и амбуланти, гравитираат вработените и пациентите на Клиниката за уво нос и грло, Реума, Пулмологија, Гастроентерохеоатлогија, Нефрологија, а во истата зграда се и Токсикологија, Неврологија и Очна клиника.

Член 205 од КЗ, „Пренесување заразна болест“ вели:

„Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три годинa. Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија Член 206 (1) Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна“. М.П.Ш.

The post Докторката заболена од коронавирус не сакала да се пријави и покрај инсистирањето од колегите appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....