-4.2 C
Скопје
02:39 - 25 ноември, 2024

Договор за избори нема да има, а можеби ниту избори!

Скептицизмот на Претседателот Пендаровски не е за потценување кога станува збор за тоа дали лидерите ќе се договорат за датум за одржување на изборите. Соодносот 50% спрема 50% за успешност, за кој говори Пендаровски значи дека тоа е невозможно. Тоа е како во една љубовна ангдота во која еден млад човек оптимистички верува дека наскоро девојка што му се допаѓа ќе биде негова, и оди вака: јас ја сакам, (тоа се оние оптмистички 50%), останува само уште таа да ме сака мене (останатите 50%)!!!

Значи договор за датум за избори нема да има. А прашање е дали воопшто ќе има предвремени избори!
Своевидниот институционален државен удар што го започна Талат Џафери, а правно го легитимираше Уставниот суд, ВМРО ДПМНЕ има намера да го искористи колку повеќе може.
Имено ВМРО ДПМНЕ знае дека избори без нив воопшто не се можни, затоа што ако ни Груевски за време на режимот не се осмелуваше да спроведе избори без опозиција, тоа сега е уште поневеројатно кога оваа Влада има европска агенда, а земјата е членка на НАТО.
Оттаму и комотниот однос што лидерот на партијата Мицковски ја презентира во јавните настапи. Времето работи за нив!
Премиерот Спасовски залудно укажува на уставните рокови, тоа не е дстатна причина за ВМРО ДПМНЕ.
Тие очигледно ја користат приликата создадена со корона кризата да ги притеснат Претседателот и Владата во безизлезна ситуација; Претседателот постојано да прогласува вонредна состојба за да и овозможи на Владата да владее законски, или да престане да го прави тоа и на тој начин да и ги одземе можностите да управува со земјата во услови на здравствена и економска криза.
Тоа значи целосна економска блокада на земјата, како и отежнување на распределбата на средствата од мерките кои ги донесе Владата и со тоа оставање на цедило на стотици илјади граѓани и компании погодени од кризата, а здравствениот систем да колабира.
Откако ќе ја стави државата на колена тогаш ВМРО ДПМНЕ ќе побара избори. Тоа е првата, „помека“ варијанта што ја има предвид ВМРО ДПМНЕ. Што полошо, тоа подобро!

Втората поголема „игра“ на ВМРО ДПМНЕ е земјата да влезе во тешка политчка криза од која ќе не вадат странците. Она на што и јас помислувам е дали можеби Мицковски има намера да го врати ударот кој СДСМ своевремено му го наесе на Груевски. А тоа е нов Пржински договор. „Пржино 3“ би било најпосакуваното сценарио за Никола Груевски, исполнето од Христијан Мицковски.
Но сепак она што оваа идеа ја прави апсурдна е што за тоа не постои таква општествено-политичка реалност во земјата каква што постоеше во времето на режимот на Груевски.
Сликата што Мицковски и ПР- от на партијата упорно се обидува да ја креира дека с‘е е исто, едноставно не држи. Таа слика може и да проаѓа кај погоем дел од ВМРО-вското гласачко тело, но тоа е за домашна употреба. Никој од надвор не би наседнал на тоа, а не особено кај оние кои и здушно се потрудија Македонија да се ослободи од „заробената држава“.
Можеби и оваа власт не е „цвеќе за мисирисање“, но далеку е од паралелите кои лидерот на ВМРО ДПМНЕ се обидува да ги артикулира во јавниот дискурс.
Но ако ја следите стратегијата на раководството на партијата ќе забележите дека за основа го земаат речиси истиот манир што СДСМ го користеше во борбата за соборување на Груевски: персонализирање на виновникот за кризата во ликот на Зоран Заев, споредување на фамилиите на Заеви со оние на Мијалкови, замена на синтагмата „ сваровски“ судството со „Луј Витон“ судство, а „прославениот“ јавен обвинител Марко Зврлески го поистоветуваат со Вилма Рускоска. Звучи неверојатно, но се обидуваат да ја протнат и оценката од извештајот на ЕУ за „заробена држава“ како карактеристика на оваа Влада. „Бомбите“ кои одекнуваат во јавноста исто така треба да придонесат за сличноста на севкупната слика на владеење на двете власти.

Реванш, со иста мерка, на ист начи?.
Но која е целта? Нова техничка Влада за спроведување избори? Па сега ја имаме. И таа не успева да спроведе избори. Или ново СЈО?
Или пак „брза лента“ на раскинивање на договорите со Грција и Бугарија и враќање на тркалото на историјата!
„Враќање во иднината“ е сепак филм од осумдесеттите на кого му поминало времето, а кој ВМРО ДПМНЕ сега сака да го гледа!
.

The post Договор за избори нема да има, а можеби ниту избори! appeared first on Слободен печат.


Договор за избори нема да има, а можеби ниту избори! was first posted on мај 17, 2020 at 10:55 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....