2.8 C
Скопје
05:03 - 23 ноември, 2024

Добро ни одеше со коронавирусот и тогаш не удри бранот на 1 Мај и скарите

скара

Бројот на новозаразени со коронавирус во земјава еден ден се намалува, друг се зголемува и тоа допринесува да биде невозможно Комисијата за заразни болести да препорача олабавување на мерките, да препорача отворање на кафеаните, трговските центри и враќање на животот во нормала како што се очекуваше. Во саботата, од 36 нови случаи, дури 20 биле во контакт со заразен, што според доктор Жарко Караџовски претставува индиција дека мерките не се почитувале некаде околу Велигден и Први Мај.

Запрашан дали после отворањето на џамиите може да очекуваме зголемување на бројот на заразени со коронавирус, тој рече дека тоа прашање е за политичарите и дека не зависи од него.

Во четвртокот беше одржана литија во Струга, но резултатите од тој собир во контекст на ширењето на заразната болест е рано да се предвидат. За утре е најавено дека џамиите ќе бидат отворени за муслиманските верници, за извршување на колективните верски обврски, одлука што беше донесена истиот ден кога МПЦ организираше верски собир, литија во Струга, каде беше очигледно непочитувањето на физичката дистанца, неносењето маски и непочитувањето на забраната за групирање.

Инкубацискиот период на заболувањето од Ковид 19 е најмногу 14 дена од контакт со заразен, што значи дека порастот на сегашните бројки бил поради тоа што не се почитувале мерките пред 2 недели.

Според последните бројки, од вкупно 145 тестирања, утврдени се 22 нови случаи на коронавирусот и тоа 13 во Скопје, двајца во Прилеп и седум во Тетово. Тоа значи дека дури 15 проценти од тестираните се позитивни на вирусот. Досега во земјата се направени 19.241 тестирање на Ковид 19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 1.664, бројката на оздравени пациенти е 1.200, на починати е 91, а во моментот бројот на активни случаи во земјата е 373. Институтот за јавно здравје вчера регистрираше 64 оздравени пациенти.

Викендов глетката во Скопје не беше епидемиолошки благопријатна. Полни паркови, луѓе без маски и групирани на клупите во парковите, полни игралишта со деца и возрасни и собиранки во дворовите. Владата реши од овој викенд да ги редуцира рестриктивните мерки во поглед на тоа колку ќе трае полицискиот час за време на викендите и им се дозволи на граѓаните слободно движење до 19 часот во саботите и неделите.

За лицата до 18 годишна возраст, за викендите е дозволено движење од 13 до 19 часот, а за оние над 67 години од 5 до 12 часот на пладне.

The post Добро ни одеше со коронавирусот и тогаш не удри бранот на 1 Мај и скарите appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....