10:22 - 17 јули, 2026

Добра вест од Хрватска, оздравеа првите тројца пациенти заразени од коронавирусот

Првите тројца пациенти кои заболеа од коронавирус во Хрватска се негативни на присуството на тој вирус, рече хрватскиот министер за здравство Вили Берош.

Ако и вториот последователен наод кај нив се покаже негативен, тие во рок од 48 часа ќе бидат пуштени на домашна нега, рече Берош.

Првиот случај на коронавирус во Хрватска е потврден на 25. февруари, кај момче кое пристигна од Милано. Подоцна вирусот е потврден и кај неговиот брат.

Иако можноста за зараза е исклучена, училиштето ќе го посетат епидемиолози, истакна Берош и предупреди дека доведувањето на јавноста во заблуда е кривично дело.
На социјалните мрежа се појави и аудио снимка за тоа дека е одлучено Град Загреб да биде во карантин поради коронавирусот.
Портпаролот на Владата Марко Милиќ изјави дека станува збор за лажна информација и ги повика граѓаните да не наседнуваат на неточни и злонамерни објави.

The post Добра вест од Хрватска, оздравеа првите тројца пациенти заразени од коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....