Американската компанија „Џонсон и Џонсон” соопшти дека ја започнала третата фаза испитувањата на вакцина за новиот коронавирус. Иако нивниот производ што го развиваат е зад ривалските на „Фајзер”, „Модерна” и „АстраЗенека”, сепак, има некои потенцијални предности доколку се покаже безбеден и ефикасен.
За разлика од другите, вакцината на компанијата бара само една доза, а не две, што ја олеснува кампањата за имунизација. Исто така, не бара да се чува на екстремно ниски температури за разлика од другите.
„Џонсон и Џонсон” објавија дека првите дози може да бидат готови „на почетокот на 2021 година” доколку се докаже дека вакцината е безбедна и ефикасна. Во фаза Три, компанијата ќе вклучува 60.000 луѓе на три континенти.
The post „Џонсон&Џонсон”: Влегуваме во трета фаза на испитувања на вакцината против ковид-19 appeared first on Слободен печат.
„Џонсон&Џонсон”: Влегуваме во трета фаза на испитувања на вакцината против ковид-19 was first posted on септември 23, 2020 at 5:52 pm.