-4.2 C
Скопје
03:20 - 23 декември, 2024

Директорот на „Курир“: Написите на „Нецензурирано“ се апсолутно невистинити

Написите во словенечкиот портал „Нецензурирано“ за наводно тајно финансирање се апсолутни невистинити, вели Сашо Стојановски, директор на порталот „Курир“. Неговите колеги, директорот на порталите Република и Лидер и на телевизијата „Алфа“, Доне Доневски и Јани Бојаџи, до објавување на овој напис, не одговорија на телефонските јавувања и на СМС пораките преку кои се обидувавме да добиеме одговор дали има вистина во написите на словенечкиот портал „Нецензурирано“ дека неколку медиуми, меѓу нив и медиумите со кои они директоруваат, се финансираат со пари на компании блиски на партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.  Според словенечкиот портал, парите во земјава ги добиле Курир, Нетпрес, Алфа и Лидер.

Вчера министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во врска со објавата на словенечкиот портал „Нецезурирано“ истакна дека засега немаат отворено предистражна постапка на овој план.

– Ќе разговарам со колегите од соодветните надлежни организациски единици во МВР и доколку има согледувања дека има потреба да се отвори во таа насока ќе ве информираме – рече Чулев одговарајќи на новинарско прашање.

Заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, вчера истакна дека полицијата и обвинителството имаат основа да покренат постапка за финансирањето на медиумите.

– Кога станува збор за работата на Министерството за внатрешни работи, наводите кои беа изнесени не може да бидат отфрлени со една политичка изјава затоа што наводите имаат сериозни индиции, не само за хибридна војна, туку и за нелегално финансирање. МВР, во координација со јавниот обвинител, имаат добар материјал за започнување на предистражна постапка по ова прашање. Игнорирањето на вакви индииции е многу несериозен, затоа што ваквата постапка кажува колку овие прашања се важни за нас – вели Петровска за последниот скандал со финансирање на дел од македонските медиуми.

Словенечката полиција веќе потврди дека Националното биро за истраги води предистражна постапка за начинот на кој се финансираат одредени медиуми во земјата. Како што објави Телевизија Словенија, се работи за медиуми за кои се сметаат за блиски на Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша, која имала блиска соработка со Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, последните истраги на словенечките власти доаѓаат по анализата која беше вчера објавена на порталот Нецензурирано. Според порталот, најмалку четири милиони евра, компании блиски до Орбан дале за финансирање на медиумско-политичко-разузнавачка операција во Словенија и Северна Македонија. Новинарте на Нецензурирано пишуваат дека за овие тврдења имаат документи, кои меѓу другото давале и делумен увид во ширењето на унгарското влијание на Балканот.

Според порталот „Нецензурирано“, од две унгарски и една англиска компанија кои биле блиски на партијата Фидес, пари „легнале” на сметка на словенечка компанија, па од таму  еден и пол милиони евра биле искористени финансирани за медиуми блиски до Јанез Јанша, а два и пол милиони евра биле дадени четири медиуми во Северна Македонија.

 

The post Директорот на „Курир“: Написите на „Нецензурирано“ се апсолутно невистинити appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....