21.8 C
Скопје
11:49 - 1 мај, 2024

Димова: Нема да дадам оставка додека не се открие каде се проневерени 2.2 милиони евра европски пари

Процесот е многу комплициран и е под окото на Европската комисија, исто така целиот процес на доделување на проекти се снима и може да се изврши увид на тоа изјави денеска директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова 

– Не се магарињата толку смешни како што сакаше да се направи приказна во јавноста и тоа не беше случајно. Таа небулоза произлезе од господинот Тортевски кој се забавуваше со темата магариња, а господинот Тортевски има тужба против Европската агенција бидејќи му скративме срдства за проект и тоа не беше толку случајно – изјави Димова на денешната пресконференција за новинарите.

Димова: Информацијата за грант на фризерница е замајување на јавноста, фотографиите се монтажа

Димова потоа им порача на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека не планира да поднесе оставка додека не се открие каде се проневерни 2.2 милиони евра европски пари

– ВМРО-ДПМНЕ инсистираше  јас да дадам оставка, но ќе мрорам да ги разочарам, нема да дадам оставка, нема потреба да се тревожат, системот на Брисел функцонира совршено. Јас ќе останам во оваа агенција додека не се разреши дилемата каде се проневерни 2.2 милиони европски пари – нагласи Димова.

Злоупотребата од осум организации во пет различни држави била спроведувана од 2016 до 2018 година од неколку правни лица, кои на потенцијалните корисници на програмата „Еразмус+“ им нуделе услуги за пишување проекти. Потоа, откако проектите се добивале од Националната агенција, целата шема се спроведувала преку наместени јавни набавки, изјави Лидија Димова во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ во јуни годинава. Проследете го разговорот за злоупотребата ТУКА.

„Пирамидата во Еразмус“ – Злоупотреба тешка 2,2 милиони евра преку наместени јавни набавки (ВИДЕО)

The post Димова: Нема да дадам оставка додека не се открие каде се проневерени 2.2 милиони евра европски пари appeared first on Слободен печат.


Димова: Нема да дадам оставка додека не се открие каде се проневерени 2.2 милиони евра европски пари was first posted on октомври 13, 2020 at 11:42 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....