6.8 C
Скопје
12:53 - 26 декември, 2024

Дигитална дипломатија: Официјалните профили на Владата, МНР и Димитров се школски пример за комуникација со јавноста

Официјалните кориснички сметки во С. Македонија се школски пример за комуникација, се вели во анализата на „Дигитална Дипломатија“, а како посебен пример ја истакнуваат сметката на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Земени се три критериуми што се рангирани по субјективна проценка и анализа на содржината, од кои првиот е дипломатско однесување, односно употреба на сметки и презентации на веб-страниците за дигитална и дипломатија во тесна смисла (даден е приоритет на промовирање на различностите, помирување, подобра регионална соработка и вмрежување, помирувачки и дипломатски наратив, комуникација на мајчин јазик и слично).

Во анализата рангирана е вештината на комуникација на социјалните мрежи, откако е извршен увид во квалитетот на содржината што е објавена на социјалните мрежи и нејзиниот целосен дострел.

-Пораките се создадени така што тие јасно покажуваат вистински настани, нема здодевни фотографии од ракувања при официјални приеми, нема соопштенија во манирот на официјални гласила, но на прв поглед се виде присуството на јасна комуникациска стратегија. Професионалната и, не само за регионалната рамка, одличната практика на дигитална дипломатија ги освои сите наши симпатии, се вели во анализата на Дигитална Дипломатија.

Од регионот, во поглед на дигиталната дипломатија, најлошо рангирана е Босна и Херцеговина.

Анализирани се и квантитативните податоци за бројот на следбеници, споредено со бројот на жители. Според овој параметар, најдобро котира Косово.

Во анализата опфатени се службените профили на социјалните мрежи фејсбук, твитер, инстаграм, перископ, линкдин, снепчет и јутјуб. Анализирани се претседатели, премиери, министри за надворешни работи и истакнати лица кои практикуваат дигитална дипломатија. Изоставени се амбасадите и конзуларните претставништва поради неможноста да се утврди јасен список.

Последниот критериум на анализата е оценка на веб-презентацијата, односно веб-страницата на Министерството за надворешни работи, што во суштина е од големо значење за дигиталната дипломатија. Некои земји од светот веќе воведоа можност за контактирање со матичната земја преку страницата, учество во повторното создавање на изгубен пасош или друг вид привремен документ, а покрај редовните известувања, страницата комуницира и во кризни ситуации.

На следниот ЛИНК може да ја видите целата анализа.

The post Дигитална дипломатија: Официјалните профили на Владата, МНР и Димитров се школски пример за комуникација со јавноста appeared first on Слободен печат.


Дигитална дипломатија: Официјалните профили на Владата, МНР и Димитров се школски пример за комуникација со јавноста was first posted on август 6, 2020 at 12:33 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....