3.8 C
Скопје
18:54 - 18 декември, 2024

Дете во САД почина од грип, мајка му слушала антиваксерски совети на Фејсбук

Четиригодишно дете од сојузната американска држава Колорадо оваа недела починало од грип, откако неговата мајка слушала совети на една антиваксерска група на Фејсбук, во која ја советувале да не го лечи детето со Тамифлу, јавува „Ен-Би-Си њуз“.

Имено, Фејсбук групите кои шират антиваксерска пропаганда станаа извор на лажни информации за многу луѓе кои бараат совети за лечење, вклучувајќи и совети за грипот кој во моментов се шири во САД. Една од таквите групи е „Спречете ја задолжителната вакцинација“ (Stop Mandatory Vaccination), која има повеќе од 139.000 членови.

Мајката на починатото дете во таа група барала совети како да го излечи грипот. Нејзиното дете првично имало температура и напади, но во тој момент не му бил дијагностициран грип. Мајката тогаш напишала дека и други две од нејзините четири деца во тој момент имаат грип и дека докторот им препишал Тамифлу, но таа не сакала да им го даде на децата.

Инаку, Тамифлу е најчесто препишуваниот лек за лечење на грип кој ги ублажува симптомите и го забрзува опоравувањето на пациентите. Но, антиваксерите се загрижени од неговите нуспојави. Според податоците на американскиот Центар за контрола и спречување на болести, оваа година грипот во поголема мера од просекот ги погодува децата, а досега се забележани дури 68 отсто случаи на смрт на деца.

Под објавата на мајката чие четиригодишно дете потоа починало, имало 45 коментари. Ниту еден од нив не вклучувал да побара медицинска помош. Детето во меѓувреме завршило во болница, а починало по четири дена.

Мајката пишувала дека своето дете го лечела по „природен пат“, односно со масло од нане, витамин ц и лаванда. Бидејќи тоа не помогнало, прашала во групата што уште може да им дава на децата. Ѝ одговориле да ги дои децата и да им дава боровинка и темјан. Мајката реплицирала: „Одлично, ќе се обидам со тоа“.

Објавата во меѓувреме е избришана од групата на Фејсбук, но на постарите објави е видливо дека споменатата мајка не ги вакцинирала децата против грип.

Од Одделот за јавно здравје во Колорадо потврдија дека детето починало од грип, но немале информации за тоа дали било вакцинирано против таа болест.

Од Фејсбук за случајот рекоа дека станува збор за трагедија и дека нивните мисли се со семејството.

– Не сакаме да шириме лажни информации за вакцините на Фејсбук и затоа работиме на тоа да ги спречиме на нашата платформа, вклучувајќи и во приватните групи – порачаа од Фејсбук.

Фејсбук, Пинтрест и Јутјуб минатат година објавија дека ќе го ограничат опфатот на антиваксерските објави и дека нема да им дозволуваат на поединци и групи да шират антиваксерски информации, да поставуваат огласи и да собираат пари.

Но Фејсбук во потполност не ги укина таквите групи.

Колина Колтаи, истражувач од универзитетот во Остин, САД, која работи со проучување на антивакциналното движење на социјалните мрежи, рече дека токму овие групи се легло на дезинформациите за вакцините.

– Овие групи се претворија во рај или извор на информациите за родителите кои сакаат да се поврзат со други и да побараат помош. Нивната главна цел е размена на информации, многу често лажни, а тоа може да има сериозни негативни последици – рече Колтаи.

The post Дете во САД почина од грип, мајка му слушала антиваксерски совети на Фејсбук appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....