По страшното злосторство во Германија кое ја згрози светската јавноста, во светските медиуми почнаа да се појавуваат нови детализа 27-годишната мајка која со таблети си ги уби своите пет деца во својот дом.
Мајката Кристијане К. се обидела да се самоубие скокајќи под воз, но таа преживеа и со сериозни повреди веднаш е хоспитализирана.
Таа ги отрула со таблети своите три ќерки, едногодишните Мелина и Леони, Софи (3) и двајцата синови Тим (6) и Лука (8), додека нејзиниот најстар син Марсел (11) го однела на станицата во Дизелдорф за да го испрати кај својата баба во Менхенгладбах.
„Испратете ја полицијата во станот, ти ги убив петте внука“, напишала таа на нејзината мајка. Бабата тогаш повикала полиција кога ги пронашла мртвите деца во станот.
Неколкукратно убиство и обид за самоубиство во Германија: Си отрула пет деца, па се фрлила под воз
Другите пораки што и ги испратила на нејзината мајка, велат истражителите, покажуваат дека мајката што ги убила своите деца била со сериозно ментално нарушување.
Полицијата била повикана во нивниот дом во април кога таткото на децата се обидел да се самоубие, но мајката го спречила тоа.
Полицијата соопшти дека ги пронашла петте деца во нивните кревети и дека полицајците плачеле кога го напуштиле местото на злосторството.
The post ДЕТАЛИ ОД МАСАКРОТ ВО ГЕРМАНИЈА: Повикај полиција, ти ги убив петте внуки! (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
ДЕТАЛИ ОД МАСАКРОТ ВО ГЕРМАНИЈА: Повикај полиција, ти ги убив петте внуки! (ВИДЕО) was first posted on септември 5, 2020 at 12:53 pm.