Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род. Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена. Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и служба кај римскиот епископ Аникита. Кога тој го виде Елефтериј надарен од Бога и просветлен со Божествената благодат, во петнаесеттата година го ракоположи за ѓакон, во осумнаесеттата за свештеник, а во дваесеттата за епископ. Божествената мудрост го надополнуваше кај Елефтериј она што му недостасуваше во годините. Овој богоугодник беше поставен за епископ на Илирија со седиште во Валона (Авлона) Албанска. Своето стадо го чуваше како добар пастир и секојдневно го умножуваше. Христогонителниот цар Адријан испрати некој војвода Феликс со војници за да го фатат и доведат Елефтериј во Рим. Кога јаросниот Феликс стигна во Валона и влезе во црквата, го виде и го чу светиот Божји архиереј и одеднаш неговото срце се измени и тој стана христијанин. Елефтериј го крсти и тргна со него во Рим, одејќи весело како да оди на гозба, а не на суд и маки. Царот му наложи жестоки измачувања на овој благороден Елефтериј: биење, печење на железен кревет, варење во смола, горење во огнена печка. Но, Божествената сила го избави маченикот од сите смртоносни измачувања. Кога го виде ова, римскиот епарх Корив и самиот изјави дека е христијанин. Корив беше мачен и убиен со меч. Исто така и блажениот Феликс. Најпосле царските џелати ја отсекоа и чесната глава на свети Елефтериј. Кога неговата света мајка Антија дојде над мртвото тело на нејзинот син, и таа беше убиена. Нивните тела ги пренесоа во Валона, каде што свети Елефтериј до денешен ден чудесно го прославува Христовото име. Пострада во времето на Адријан, во 120 година.
Слични објави
„Има проблем да се одвои, со него сум и во тоалет“: Марија Шерифовиќ со детали за односот со синот Марио
(Фото) „Тато и неговите наследници“: Богдана објави неодолив момент од Вељко Ражнатовиќ со синовите во Русија
Хороскоп за 22 март: Раковите ќе имаат опуштени разговори со партнерот, Вагите ќе бидат во добро расположение
(Фото) Ја нарекуваат босанската Адријана Лима: Младата водителка на временска прогноза станува сè попопуларна
Се вчитува....
