8.8 C
Скопје
22:01 - 13 март, 2026

ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА: Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него

Светиот маченик Парамон

Во Витинија Азиска некој кнез Аквилин ужасно ги прогонуваше христијаните. Еднаш тој фати триста и седумдесет христијани и ги поведе со себе врзани на некое место каде што беше храмот на идолскиот Бог Посејдон. Овде изопачениот кнез ги принудуваше да му се поклонат на идолот и да му принесат жртва. Иако кнезот му се закануваше со смрт на оној којшто нема да се покори на неговата заповед, ниеден христијанин не му се потчини. Во тој миг покрај храмот поминуваше еден чесен маж по име Парамон. Тој застана крај толпата врзани луѓе и дозна за што се работи, па извика: „О, колку невини праведници сака да заколе скверниот кнез затоа што не им се поклонуваат на неговите неми и мртви идоли!“ И Парамон го продолжи својот пат. Тогаш разјарен кнезот ги испрати своите слуги за да го убијат Парамон. Слугите го стигнаа, го фатија, па прво му го прободоа со трн јазикот, а потоа го разголеа и така му го избодеа целото тело. Свети Парамон Му ја предаде душата на Бога со молитва во срцето. Потоа оние триста и седумдесет маченици, велики како синови Божји и невини како јагниња, беа убиени со меч, и така преминаа во бесмртното царство на Господ Христос. Пострадаа во 250 година.

Слични објави

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо

Нивес Целзијус откри дали била љубовница на поранешен „Ватрен“: „Во приказната беше вмешана и една Северина“

Е.А.

Последна информација за состојбата на Зорица Брунцлик: Откриени најновите вести по операцијата 

Е.А.

„Вози Мишко“: Стигнале понуди за автобусот од култниот филм, сопственикот засега не прифаќа ниту една

Еспресо
Се вчитува....