21:08 - 22 февруари, 2026

ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА: Светиот маченик Јаков Персиец

Светиот маченик Јаков Персиец

Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка. Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради неговите надареност и способност и го направи прв благородник на својот дворец. Поласкан од царот, Јаков се опрелести и им принесе жртва на идолите на коишто царот им се поклонуваше. Кога слушнаа за ова, мајка му и жена му му напишаа прекорно писмо во коешто го оплакуваа како богоотпадник и душевен мртовец, молејќи го, сепак, при крајот на писмото, да се покае и да Му се врати на Христа. Трогнат од ова писмо Јаков горко се покаја и одважно ја исповедаше пред царот својата вера во Господ Христос. Разгневен, царот го осуди на смрт, но со тоа што деловите на телото да му ги сечат еден по еден сè додека не издивне. Џелатите буквално ја исполнија оваа заповед на нечестивиот цар и му ги отсекоа на Јаков најпрво прстите на рацете, па прстите на нозете, па нозете, па рацете, рамената и најпосле главата. При секое сечење маченикот Му оддаваше благодарност на Бога. Од неговите рани излегуваше благоухан мирис како од кипарис. Така овој прекрасен маж го покаја својот грев и се престави со душата пред својот Бог Христос, во Царството небесно. Пострада околу 400 година. Главата му се наоѓа во Рим, а дел од моштите во Португалија, каде што се празнува на 22 мај.

Слични објави

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ се омажи во тајност: „Ме чекаше 15 години, но вредеше“

Еспресо

„Ќе му ги скршам двете нозе“: Десингерица шокираше со изјавата среде шоуто „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

(Фото) Далеку од очите на јавноста: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ заминаа од Србија, еве каде уживаат

Еспресо

Здравко Чолиќ поминал два часа во полиција, еве што раскажал за бомбашкиот напад врз неговиот дом

Еспресо

(Фото) Синот на Кеба заљубен „до уши“, новата девојка јавно му призна љубов на Игор Којиќ

Еспресо

Хороскоп за 22 феврури: Вагите ги очекува убав љубовен ден, Водолиите ќе имаат многу обврски

Еспресо
Се вчитува....