01:10 - 7 април, 2026

ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА: Свети апостол Јаков, брат Господов

Свети апостол Јаков брат Господов

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да му остави еден дел и на Господ Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го Исус за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. И затоа се нарекува брат Господов. Од самиот почеток Му беше приврзан на Господ Исус. Според преданието тој и во Египет одеше со Пресветата Дева и со Јосиф, кога Ирод бараше да Го убие новородениот Цар. Штом ја чу Христовата наука, Јаков почна да живее според неа. За него се вели дека целиот живот не јадел маст ниту зејтин, туку дека живеел само на леб и вода. Беше девственик до крајот
на животот. Многу бдееше ноќе и Му се молеше на Бога. Господ го вброи во Своите Седумдесет апостоли. Јаков имаше шеесет и три години кога пострада за Христа.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....