20:34 - 6 април, 2026

ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА: Свети Амфилохиј Икониски

Свети Амфилохиј Икониски

Сонародник и пријател на свети Василиј Велики и на другите големи светители од 4 век. Рано го остави светскиот метеж и се повлече во една пештера, каде што како отшелник проживеа во подвиг четириесет години. Тогаш се случи да се испразни епископската столица во Иконија и Амфилохиј на чудесен начин беше избран и посветен за епископ Икониски. Беше прекрасен пастир и голем бранител на чистата православна вера. Учествуваше на II Вселенски Собор во 381 година. Ревносно се бореше против злочестивиот Македониј и против аријанците и Евномиј. Лично го молеше царот Теодосиј Велики да ги протера аријанците од секој град во државата. Царот не му ја исполни желбата. По неколку дена повторно Амфилохиј му се јави на царот. Кога епископот беше воведен во одајата за прием, царот седеше на престолот, а од неговата десна страна беше неговиот син Аркадиј, когошто тој си го беше зел за соцар. Кога влезе Амфилохиј му се поклони на царот Теодосиј, а на Аркадиј, царскиот син, не се ни обѕрна, како и да го немаше таму. Царот Теодосиј многу се разгневи заради ова и нареди Амфилохиј веднаш да се избрка од дворецот. Тогаш светителот му рече на царот: „Гледаш ли, цару, како ти не го поднесуваш бесчестењето на твојот син; така и Бог Отецот не го трпи бесчестењето на Синот Свој, со ненавидност се одвраќа од оние коишто хулат на Него и се гневи на сите следбеници на онаа (Ариева) ерес“. Кога го слушна ова царот разбра зошто Амфилохиј не му оддаде почест на неговиот син и се восхити на неговата смелост и мудрост. Покрај многубројните дела и подвизи, свети Амфилохиј напиша и неколку книги за верата. Се упокои во 395 година во длабока старост и се пресели во бесмртниот живот.

Слични објави

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо
Се вчитува....