8.8 C
Скопје
16:20 - 26 ноември, 2024

Делумен локдаун во Париз за наредните 14 дена: Се затвораат баровите, рестораните со построги мерки на работа

Париз од утре воведува највисок степен на мерки за спречување на ширењето на ковид-19, што значи дека во наредните две недели се затвораат сите барови, а рестораните ќе мора да спроведат нови заштитни мерки за да останат отворени, соопшти канцеларијата на францускиот премиер, Жан Кастекс.

Кабинетот на Кастекс соопшти дека на подрачјето на Париз не е забележан никаков напредок, откако минатата недела беа прифатени сите три владини критериуми за воведување на највисок степен на мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Работата од дома на подрачјето на Париз сега мора да биде на прво место „повеќе од кога било порано”, а универзитетските предавални и аули не смеат да се пополнуваат со повеќе од половината капацитет, соопшти канцеларијата на францускиот премиер.

– Овие неопходни мерки во борба против ширењето на вирусот, ќе се применуваат две недели во подрачјето на Париз и три департмани што го опкружуваат, се додава во соопштението.

За да се спроведе највисок степен на мерки за спречување на ширењето на инфекцијата во градот, бројот на новоинфицирани треба да биде поголем од 250 на 100.000 жители и 100 на 100.000 кај постарата популација, додека најмалку 30 проценти од креветите за интензивна нега да се резервирани за пациенти со коронавирус. Тоа значи дека моменталните бројки во градот се и полоши.

Пред една недела, се затворија и рестораните и баровите во Марсеј, град на југот на Франција кој, исто така е жариште на вториот бран на вирусот во земјата, предизвикувајќи протести и неуспешен обид за правна битка. Франција вчера регистрира 12.565 нови инфекции со коронавирус.

The post Делумен локдаун во Париз за наредните 14 дена: Се затвораат баровите, рестораните со построги мерки на работа appeared first on Слободен печат.


Делумен локдаун во Париз за наредните 14 дена: Се затвораат баровите, рестораните со построги мерки на работа was first posted on октомври 5, 2020 at 9:08 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....