25.8 C
Скопје
17:57 - 28 април, 2024

Давитковски: Маските може да бидат услов за регуларност или партиска манипулација со гласачите (ВИДЕО)

Универзитетскиот професор Борче Давитковски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говореше за административната подготвеност за изборите.

– Очигледно ДИК чека да престане вонредната состојба па да продолжи со активностите што сметам дека е голема грешка. Треба час поскоро да земат согласно мерките за однесување во време на пандемија, да ги обучат луѓето, да ги видат просториите и да се фатат со работа. Министерството ги дава списоците на ДИК и таа со решение им кажува кој каде се позиционира. Од ДИК имаат обврска да ја припремат изборната администрација согласно изборниот законот. Сега не знам кој ќе биде овластен да ја обучува администрацијата за другите мерки. Веројатно ќе има потреба и од медицинско лице да биде присутно, изјави Давитковски.

Околу пролонгирање на изборите само за некои изборни места, Давитковски вели дека изборниот законик тоа не го предвидува.

-Изборниот закон не дозволува и надвор од избирачките места да се спроведува изборниот процес. Може да се изврши измена на изборниот закон и да се каже дека може во двор, но тука се поставува прашањето што ако заврне или едноставно дувне ветер и однесе избирачки материјал.

За опцијата изборите да траат два дена, професорот вели дека најверојатно ќе се оди на зголемување на саатницата за процесот. Со законска уредба Владата може и тоа да го смени.

-За мене приоритет е обучена изборна администрација во време на КОВИД-19. Тука мора да се биде претпазлив и да се внимава се да биде според законот и околностите. Има многу сегменти и прашања кои ДИК заедно со кризниот штаб (пр. доколку некој одбива да стави маска при гласање) мора да седнат и да ги утврдат правилата, пред се да се заштитат граѓаните како гласачи и администрацијата како спроведувач на процесот. Има две подпрашања, за едното има одговор – бидејќи се гласа во затворена просторија и влезе без маска казната е 20 евра, но побитно прашање е дали ќе го изгуби уставно загарантиранот право да гласа. Тоа мора да биде јасно и прецизно утврдено. Во тој случај тој веднаш може да врачи приговор и да упати до ОИК преиспитување на оваа ситуација. Крајната инстанца е Управниот суд., истакна професорот Давитковски.

ИЗБОРИ ИЛИ НИВНО ПРОЛОНГИРАЊЕ

– Доколку спласнуваше пандемијата како што беше пред некој ден изборите на 5 јули ќе можеа да се спроведат. Но, ова лицитирање со датуми мене не ми се допаѓа и прави нервоза кај граѓаните. Од една страна укинати се вонредните мерки, а се најавува карантин во некои општини. Ние Дебар го ставивме во карантин, бидејќи географски е лесно да го контролираш, но како Чаир, Бутел, Гази баба или Сарај? Мислам дека повеќе требаше да се мисли порано и надлежните органи да дејствуваат наввремено, изјави професорот Давитковски.

 

The post Давитковски: Маските може да бидат услов за регуларност или партиска манипулација со гласачите (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Давитковски: Маските може да бидат услов за регуларност или партиска манипулација со гласачите (ВИДЕО) was first posted on јуни 3, 2020 at 10:34 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....