21.8 C
Скопје
12:29 - 5 мај, 2024

Андоновиќ: Политички проект за рушење на Трамп и судир во американскиот политички естаблишмент (ВИДЕО)

Во САД во моментов се случува жесток судир внатре во американскиот политички естаблишмент. Целта е да се оневозможи Трамп да го добие вториот претседателски мандат.

Трамп досега направи значителен успех во економскиот раст на земјата, многу повеќе од неговитие претходници. Но, епидемијата со коронавирусот и пред се неговото лошо справување со последиците од неа, предизвика голема криза и пад на неговиот рејтинг.

Се загубија многу работни места што ја дестабилизираше неговата политичка позиција. Овие немири дополнително му го нарушија угледот. Па оттаму и првично нарушените расни права, полека прераснаа и во социјални немири како резултат на повеќе годишните класни разлики меѓу американците.

EPA-EFE/DAVID SWANSON

 

Сето тоа во време на предизборната кампања за претседателските избори, со што овие немири добија и политички примеси. Овие настани се користат од страна на опозиционите демократи кои сакаат да го искористат моментот и да го поразат Трамп на претстојните избори. Ако се земе во предвид и дека тој беше некој вид на политички аутсајдер, но сепак победи на последните избори, како и дека има бројни противници во редовите на неговата републиканска партија, овие настани се гледаат како можност, неговите политички опоненти да стават крај на ерата на Трамп.

Се очекува тензиите, протестите и дестабилизацијата во САД да се разгорат во пресрет на претседателските избори во САД на 3 ноември и се стравува дека ваквиот вид протести лесно можат да прераснат во огромни насилства кои можат да излезат од контрола. Сето ова укажува дека актуелните насилства се всушност обид за рушење на Трамп што претставува сериозен политички проект.

Во минатото САД на сличен начин, менуваше актуелни режими низ државите во светот, преку организирање на револуции и граѓански протести. Сирија, Украина, Либија, Ирак се дел од земјите каде американската политика организраше смена на режимите под превезот на незадоволните граѓани и улични протести. Се чини дека сега револуцијата е префрлена на домашен терен, на американска територија, каде на идентичен начин треба да се дојде до промена на власта.

 

The post Андоновиќ: Политички проект за рушење на Трамп и судир во американскиот политички естаблишмент (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Андоновиќ: Политички проект за рушење на Трамп и судир во американскиот политички естаблишмент (ВИДЕО) was first posted on јуни 3, 2020 at 10:04 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....