Она што го истакнува докторката е дека тоа не значи дека истражувањето е конечно, затоа што со подобрувањето на целокупната клиничка слика по болеста, може да се решат и проблемите со стерилитетот.
Кај лицата од двата пола кои прележале ковид-19, можноста да остават потомство е драстично намалена, а кај некои не постојат ниту шанси за тоа, покажуваат прелиминарните резултати од студијата на д-р Драгана Бојовиќ Јовиќ, пренесуваат српските медиуми.
Истражувањето спроведено од гинекологот Драгана Бојовиќ Јовиќ, од мај, на мал примерок од 30 жени и 15 мажи кои прележале ковид-19 години, на возраст од 18 до 45 години, според докторката покажува намалени можности за остварување на потомство и стерилитет веднаш по излекувањето од вирусот.
Доктор Бојовиќ Јовиќ, специјалист за плодност, изјави дека кај 10 од 30 пациентки е забележано нарушување во менструалниот циклус по оздравувањето.
– Нарушувањата се драстични, такви што не би можеле да забременат, па дури и да успеат, би следувал абортус. Значи, една третина од жените имаат проблеми со стерилитетот како последица на коронавирусот – смета д-р Бојовиќ Јовиќ.
„Коронавирусот исто така со токсичните ефекти влијае и на репродуктивното здравје на жените. Еден од нив е и намалената сатурација со кислород, односно намалена заситеност на кислород во крвта, кој е неопходен за работењето на сите клетки во организмот“, додала таа.
Докторката вели дека ги следи жените и мажите откако закрепнале од ковид-19. Според нејзините зборови, резултатите кај мажите се полоши.
Од 15-те, колку што учествувале во истражувањето, само еден маж имал добар спермограм.
– Човек кој има деца и имал потполно уреден број сперматозоиди – повеќе од 15 милиони, уредна морфологија (повеќе од 4 отсто сперматозоиди со нормален облик) и имал повеќе од 32 отсто прогресивно подвижни сперматозоиди, сега има 13 милиони од нив, 2 отсто од нормалниот облик и 18 отсто подвижни. Тоа значи дека не може да оплоди јајце-клетка по природен пат, единствено со ин витро. А, ризично е и каква е ДНК на сперматозоидите, затоа што во случај на оплодување, би постоела можност плодот, односно детето, да има аномалии. Последиците од ковид-19 сѐ уште не се согледани, разгледувани на ниво на генетскиот ефект – заклучува Бојовиќ Јовиќ.
Она што го истакнува докторката е дека тоа не значи дека истражувањето е конечно, затоа што со подобрувањето на целокупната клиничка слика по болеста, може да се решат и проблемите со стерилитетот.
За детален и конечен заклучок потребно е поголемо истражување кое трае многу подолго.
The post Дали коронавирусот предизвикува стерилитет и дали мажите се позагрозени од жените? appeared first on Слободен печат.
Дали коронавирусот предизвикува стерилитет и дали мажите се позагрозени од жените? was first posted on август 4, 2020 at 10:19 am.