3.8 C
Скопје
22:29 - 20 декември, 2024

ДАЛИ Е ОВА КРАЈОТ НА ЛУКАШЕНКО: Народот не престанува да штрајкува, не е познато ниту дали Путин ќе му помогне

По 26 години владеење, се чини дека дојде време Александар Лукашенко конечно да оди во пензија. Повеќе од четврт век тој беше лидер на диктатура во Белорусија, жестоко се спротиставуваше на неистомислениците, гушејќи ги критиките, апсејќи активисти и спроведувајќи смртни казни.

По неговото негирање на опасноста од коронавирусот и уште којзнае кои по ред сомнителни избори, се чини дека народот се одлучи да му стави до знаење дека работите веќе нема да продолжат вака.

Штрајкови

Додека се одвиваат се помасовни протести во Минск и други градови, Лукашенко продолжува да инсистира на тоа дека зад нив стои друга сила, меѓутоа, голема опасност по неговата власт сега претставува фактот дека на демонстрантите им се приклучуваат и работници од државните фирми.

Со тоа, слободно може да се каже дека започнаа големи штрајкови ширум земјата, кои, ако потраат, може да и наштетат на и онака лошата економија.

Фото: EPA-EFE/STR

Градежни работници, работници од фабрики во нафтената индустрија и други работници се повеќе покажуваат непослушност и им се придружуваат на протестите. Во понеделникот на протестите учествуваа и работници од државните медиуми, како и рудари.

„Силовиките“ одбиваат послушност

Што понатаму ќе се случува дополнително може да зависи од тоа што прават таканаречените „силовики“- полиција, војска и другите сили на безбедност.

Некои веќе дадоа оставки, па на неколку објавени видеозаписи на социјалните мрежи покажаа како ги уништуваат своите униформи.

Според зборовите на полицаецот Иван Колос, веќе околу 1.000 полицајци ги поддржаа протестите. Тој поради поддршка на демонстранатите останал без работа и медали.

„Ова е неговиот крај“

Како што притисокот кон Лукашенко расте, многу аналитичари предвидуваат дека тој ќе преземе уште порепресивни мерки како би се задржал на власт.

Севијарин Квијаткоуски, белоруски аналитичар, вели дека никој не можел да  предвиди вакви протести во земјата.

– Никој, а најмалку власта, не можеше да предвиди дека ова ќе се случи. Морате да сфатите дека народот нема да попушти. Тоа е тоа, ова е крајот. Вие сега го гледате крајот на режимот на Лукашенко – предвидува Квијаткоуски.

Фото: NIKOLAI PETROV / EPA

Меѓутоа, тој се плаши дека Лукашенко од очај може да направи некои ужасни работи, како погубувања.

Арсен Сивитски, директор на центарот за стратешка и надворешна политика во Минск, смета дека положбата на Лукашенко се намалува како што протестите растат, а според него тоа е посебно евидентно со зголемениот број на работници кои масовно се приклучуваат кон штрајкот.

Лукашенко е свесен дека е поразен?

Иако продолжува да тврди дека протестите нема да го срушат, Лукашенко и самиот со своето однесување демонстрира страв.

Така, тој во понеделникот кон работниците кои го исвиркуваа упати порака дека нови избори ќе има само доколку тој е убиен.

– Зборувате за нефер избори и барате фер избори. Епа имам порака за вас. Имавме избори и ако не ме убиете нема да има други – порача Лукашенко.

Меѓутоа, веќе во следната изјава зборуваше поинаку.

– Мораме да усвоиме нов устав. Тој мора да биде усвоен на референдум, затоа што и претходниот устав го усвоивме на референдум, и според новиот устав, ако сакате, можете да одржите избори – и парламентарни и претседателски и локални – рече тој.

Оваа последна изјава означува голема промена, бидејќи досега Лукашенко не ја споменуваше можноста за нови избори.

Тој очајнички го повика на помош рускиот лидер Владимир Путин со кој има комплицирани односи.

Фото: EPA-EFE/SERGEI BOBILYV / SPUTNIK / KREMLIN

Меѓутоа, Путин лесно би можел да го остави на цедило, ако процени дека не му се исплати дополнително да си го комплицира животот.

Лукашенко останува со се помалку пријатели покрај себе и помалку опции за преживување на оваа криза.

The post ДАЛИ Е ОВА КРАЈОТ НА ЛУКАШЕНКО: Народот не престанува да штрајкува, не е познато ниту дали Путин ќе му помогне appeared first on Слободен печат.


ДАЛИ Е ОВА КРАЈОТ НА ЛУКАШЕНКО: Народот не престанува да штрајкува, не е познато ниту дали Путин ќе му помогне was first posted on август 19, 2020 at 10:28 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....