3.8 C
Скопје
22:26 - 20 декември, 2024

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ, ДА СПАСИМЕ ЖИВОТ: Наш колега собира донации за лекувањето на неговиот татко!

Почитувани читатели, родител на наш колега во моментов е во тешка здравствена состојба, откако пред десетина дена се зарази со ковид-19. 

Ристо Донев шест дена се лекуваше во штипската болница, но откако здравствената состојба значително му се влоши, требаше да биде хоспитализиран во Скопје. За жал, за Ристо не се обезбеди место во клиниките и единствено решение за семејстовото да го спаси, беше хоспитализација во некоја од македонските приватни клиники.

Ристо Донев има 54 години, а најверојатно се заразил на работното место

„За лекуваање на државно, пробавме секаде. Единствено место имаше во Козле, меѓутоа таму ми рекоа дека е за полесни пациенти и ништо не успеавме да направиме на државно и покренавме иницијатива за хоспитализирање во приватна клиника“, се зборовите на нашиот колега, истакнувајќи: „Не сакам никој да заплашувам дополнително и да пишувам вакви статуси ама вирусот ПОСТОИ и е многу, многу непредвидлив. Да не даде Господ да почувствате на своја кожа или на некој близок!“

Ристо Донев и неговата сопруга се текстилни работници, додека за лекување се потребни над најмалку 15.000 евра, и тоа само за првите десет дена. Семејството не може да го подмири овој долг, па затоа нашиот колега упати апел до сите хумани луѓе да помогнат во оваа тешка битка.

Кога државата не може, тогаш можат граѓаните, а доказ за тоа е фактот што мал дел од средствата кои се потребни за да се спаси животот на 54 годишниот Ристо Донев, веќе се обезбедени.

ДОНИРАЈТЕ НА СЛЕДНАТА СМЕТКА:

за: Ристо Донев
назнака: За донација
жиро с-ка: 210 700000 659 445 

ДОНИРАЈТЕ ПРЕКУ GOFUNDME:

Донирајте преку *GoFundMe на следниот линк:

https://www.gofundme.com/f/help-riste-donev-genezen-van-covid19?utm_medium=email&utm_source=product&utm_campaign=p_email%2B4803-donation-alert-v5&fbclid=IwAR3acOVSFfbpOioQDmXg_MwnTn7TWrXQqfH2KDepqp_CZhL5Z73Y6SbUj_0

*напомена: Многумина што сакаат да донираат се обратија да ни кажат дека обидот бил неуспешен. Ве замолуваме да и дадете неколку минути на платформата, или евентуално да се обидете повеќепати.

ДОНИРАЈТЕ ВО ПУНКТОВИТЕ ЗА ДОНАЦИИ ВО ШТИП:

Во родниот град на Ристо Донев веќе се отворени неколку пунктови за донации:

  • пункт кај МЕСАРА МИК (во населба Сењак)
  • пунктови во ПАКЕТ МАРКЕТИ (еден во маркетот во близина на Хамачи и еден во маркетот во близина на полициската станица
  • пункт во ЕЛКОС (трговски центар)
  • пункт во пиљара „ЦВЕТ“
  • во текот на денот ќе се отварат пунктови и во повеќе кафе-барови во центарот на градот

Ве молиме донирајте, кој колку може, да му помогнеме на Ристо Донев да застане на нозе! За поголема видливост на апелот, споделете со Вашите пријатели.

Ви благодариме однапред за вашата солидарност и хуманост!

The post ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ, ДА СПАСИМЕ ЖИВОТ: Наш колега собира донации за лекувањето на неговиот татко! appeared first on Слободен печат.


ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ, ДА СПАСИМЕ ЖИВОТ: Наш колега собира донации за лекувањето на неговиот татко! was first posted on ноември 2, 2020 at 1:18 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....