4.8 C
Скопје
17:21 - 25 декември, 2024

Д-р Мојсова: Вие ги турнавте здравствените работници во колапс!

Директорката на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување  д-р Маја Мојсова Мијовска, националната координаторка за трансплантација која имаше значајна улога и во подготовката на целиот процес во историскиот зафат на успешно извршената прва трансплантација на срце, како член на лекарскиот тим, кој го изведе зафатот, објави Фејсбук статус во кој ја изразува разочареноста од непочитување на здравствените работници.

Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:

„Ме немаше долго…. собирав енергија за тоа што се случува на терен. А, искрено фб ми ја земаше енергијата. Ме полнеше со негативна енергија, ми ја земаше силата… ме разорожуваше кога ми требаше концентрација, мудрост и носење одлуки кои најчесто не беа лесни.

Од март месец знаевме, се спремавме со чемер и јад во душата. Го гледавме италијанското сцрнарио и да се секиравме за нас, ама и за вас драги мои. За овие 4 месеци секојдневно се прави прераспределба на здравствен персонал. КАРИЛ беше и е сегде. Вкупно 40 доктори и сестри помагаа и на Инфективната клиника и во 8 септември. Секој ден е посебна приказна. Пациентите со Ковид се секаде, не само во овие две болници. Тие доаѓаат да се опреираат, тие прават сообраќајка, имале акутна состојба во стомакот и безброј други болести кои не се ковид…. скршиле рака, нога, кичма…. и да дали знаете многумина од нив се позитивни. И тие пациенти лежат по клиниките. Некогаш се толку итни што не ни размислуваме за тоа дали се позитивни или негативни, не чекаме брисеви за да спасиме живот. Некогаш се пациентите негативни и се оперираат, па стануваат позитивни бидејќи биле во инкубација, па развиваат клиничка слика подоцна… судбини секакви. И, да драги мои работиме, претпазливо и тивко. И да, секој мора да се третира како позитивен зошто ако се преброиме малку останавме.
Слушам се жалите, гледам плукање по здравствен персонал. Се жалат пациенти дека не биле опреирани и нормално тука и тука новинарите гледаат добра приказна, нов скандал. Не, не драги мои никој никого не жртвува и не е во колапс здравствениот систем, здравствените работници се во колапс. И ВИЕ ги турнавте во колапс. Баш ВИЕ. Секој ден е нова прераспределба, нова секирација, нови бројки кои не се само бројки за оние кои ги лекуваат, а секако и за тие кои ги изгубиле. Имаме апарати, имаме опрема и не ни требаат експерти од странство, ни треба физичка работна снага на обучени професионалци. Заглавивте со нас, но уште пострашно е дека ние заглавивме со вас. Да, жалам ќе чекате, може и да не колнете, плукате ама едноставно толку сме и тие сме. Бидете среќни што не имате. И, да да не заборавам кога ќе се разболи здравствен работник повлекува минимум 5-6 кои одат во изолација. Ми треба многу простор и време да ви опишам како изгледа еден ден.. Само еден ден. И да да не заборавиме и ние сме само луѓе.

Па би ве замолила да престанете со препукувања и политички флоскули и да помогнете ако можете со вашата свест и совест колку што ја имате зошто очигледно ВИЕ не го почитувате здравствениот систем., ВИЕ го жртвувавте здравствениот систем.
И да драги мои здравствени работници, да се надеваме дека за нас ќе има место барем во шаторите, напиша Мојсова Мијовска.

The post Д-р Мојсова: Вие ги турнавте здравствените работници во колапс! appeared first on Слободен печат.


Д-р Мојсова: Вие ги турнавте здравствените работници во колапс! was first posted on јуни 20, 2020 at 8:36 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....