Во изминатиот период се случи појава на кластери во штипските конфекции, но сега после појавата на тоа жариште сметам дека добро се справивме со овој дел. Најтешките пациенти кај кои е потребна респираторна поддршка се лекуваат во Клиниката за инфективни болести. Оние со средната клиничка слика се лекуваат кај нас, во Клиничката болница – Штип, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, директорот на болницата Ален Георгијев.
За да излеземе од ситуацијата, мора да ги почитуваме мерките и препораките.
– Во моментов имаме четворица потврдени (КОВИД-19) здравствени работници. Две медицински сестри и двајца физиотерапевти. Како и во останатите здравствени установи нашиот фокус е во борбата со КОВИД-19. Ставени се во мирувања оние интервенции кај кои постои можност за одлагање, но секако оние итните се третираат како до сега.
Умерен оптимист сум – во оваа борба не сме сами, сите сме заедно. Мора мерките да се почитуваат и само така ќе излеземе од оваа ситуација. Не бараме помош, само бараме да се почитуваат препораките. Клиничката болница – Штип има доволно персонал како регионален центар да се справи со КОВИД-19. Имаме одлична соработка со здравствените власти и односот со министерот Филипче е максимално коректен, вели Георгијев.
Проследете го целиот разговор со директорот на Клиничката болница во Штип, д-р Ален Георгијев:
The post Д-р Георгијев: Во Штип имаме четири здравствени работници позитивни на Ковид-19 (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Д-р Георгијев: Во Штип имаме четири здравствени работници позитивни на Ковид-19 (ВИДЕО) was first posted on јуни 19, 2020 at 10:05 am.