3.8 C
Скопје
09:18 - 21 декември, 2024

Чулев ги откри деталите во врска со вчерашната акција во Крушопек (ФОТО+ВИДЕО)

Денеска на прес-конференција техничкиот министер во министерството за внатрешни работи, Наќе Чулев сподели информации во врска со вчерашната акција во сопското село Куршопек, при што беше запленет еден килограм кокаин.

– Одделот за сузбивање на организиран и сериозен организиран криминал, Единица за недозволена трговија со дрога во период од 17-19.02.2020 година во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во рамки на меѓунардна полициска соработка во која беа вклучени повеќе земји, реализираше акција за сузбивање на недозволена трговија со дрога при што во скопско Крушопек беа откриени и запленети само дел – поточно еден килограм кокаин кој што според првичните информации е дел од поголема количина кој требало да заврши во нашата држава, изјави Чулев.

Имено, по претходно добиено известување Министерството за внатрешни работи во соработка со ОЈО за ГОКК презеде широк спектар на оперативно технички и полициски мерки и активности за пресекување на меѓународен канал за транспорт на кокаин во големи количини со потекло од Колумбија

– По ова веднаш беа превзмени соодветни оперативни подготовки и активности од страна на македонската полиција и во рамки на истрагата во координација со Јавно обвинителство, и со царинските и полициските служби од Македонија беше утврдено како краен примач на пратките со банани е правно лице од Скопје – „Банекс Компани“ ДООЕЛ, рече техничкиот министер.

Тој додаде дека како резултат на сето тоа вчера (19.02), околу 09 часот на ГП Ќафасан, Струга на влез во нашата држава евидентирано е ТМВ Марка Ивеко, влекач и приколка, управувано од триесет и едногодишниот Ј.К. државјанин на Црна Гора, кој по завршување на царинските формалност со товарното возило се упатил кон скопското село Крушопек. По пристигнувањето на возилото во Крушопек, од страна на полициски службеници а по претходно обезбедена судска наредба извршен е претрес во магацински простор, при што затекнати биле и лицата Ј.Е. (22), инаку син на сопственикот на правното лице кое е краен примач на стоката и Р.И. (51) од Скопје – вработено лице кои вршеле истовар на робата. При извршување на истоварот на лице место неповикан дошол и 47-годишниот С.Е. од Скопје, наедно сопственик на правното лице.

– При извршениот детален претрес на магацинот и камионот со кој се превезувале банани во еден од пакетите било пронајдено едно правоаголно пакување со непозната бела прашкаста материја – кокаин кое било облепено со зелена трака. Истото е одземено и предадено на понатамошно вештачење. Исто така, при претресите биле пронајдени и одземени мобилни телефони, парични средства во износ од околу 3000 евра, 700 долари, 188 илјади денари, како и товарно моторно возило ИВЕКО, заедно со 1098 пакети банани и останата документација, изјави Чулев.

Министерот рече дека приведени се четири лица, Ј.К. – возач на камионот, С.Е. – сопственик на правното лице и краен примач на стоката Ј.Е. и Р.И. – кои биле затекнати во магацинот додека се вршел истовар на стоката.

Првичните проверки укажуваат дека правното лице кое е увозник, претходно во 120 наврати извршила увоз на овошје, во најголем дел од Колумбија и во помал дел од Евкадор.

Нагласи дека деновиве МВР ќе преземе опсежни мерки за известување на земјите низ кои поминал транспортот, а освен меѓународни активности МВР ќе преземе и активности за останатите физички и правни лица кои евентуално се во корелација со ова правно лице. Тој додаде дека во текот на денот ќе има и финансиска истрага кон правното лице.

Операцијата, повтори Чулев е меѓународна, но тој не сакаше да споменува конкретни држави кои се вкчучени во операцијата заради заштита на истрагата.

Прес-конференција на техничкиот министер Наќе Чулев

Publiée par Sloboden Pecat sur Jeudi 20 février 2020

The post Чулев ги откри деталите во врска со вчерашната акција во Крушопек (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....