Нови четири аудио снимки на кои може да се слушнат разговори меѓу Зоран Милески – Кичеец и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, снимени пред првиот круг претседателски избори во април 2019 година, денеска се појавија на Јутјуб. Објавувачот на снимените аудио материјали засега е непознат.
На снимките може да се слушнат теренските активности на Кичеец во Охрид, стратегии за соработка на избори, а Кичеец во еден момент му кажува на Мицкоски дека се што било побарано од него е завршено и дека е добар извршител, кој не зборува наоколу.
Исто така во разговорите с еслуша како се прави анализа на состојбите во Охрид и конретна сосработка за вториот круг на изборите. Аудио снимките откриваат и дека Кичеец открива можна средба на Мицкоски со Камчев.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во 2019 година говореше дека доколку постои инкриминирачки материјал сам ќе се пријави во затворот „Шутка“. Воедно тој негираше дека имал средби со Кичеец, а на четирите ауди снимки се докажува токму спротивното.
The post ЧЕТИРИ НОВИ АУДИО БОМБИ: Мицкоски и Кичеец договарале интензивна соработка пред претседателските избори во 2019 година appeared first on Слободен печат.