14.8 C
Скопје
14:04 - 3 мај, 2024

Бугарија во писмото до ЕК, сепак остава можност за решение!

Бугарското МНР и официјално испрати соопштение со кое ја информира Европската Комисија дека не може да ја прифати предложената нацрт-рамка за преговори за Северна Македонија и нацрт-декларацијата, бидејќи не ги дава потребните гаранции за исполнување на условите поставени од Бугарија.

Но бугарското МНР попладнево во соопштението заблагодарувајчи му се на германскиот претседател на Советот на ЕУ и комесарот за соседство и проширување Оливер Вархели за конструктивниот пристап и секојдневната соработка во барањето решение, остава простор за изнаоѓање решение и дословнно вели „кое сепак може да се најде и покрај притисокот на времето“.

Особено е дискутабилна одредбата во соопштението во која се вели дека „Бугарија смета дека е неприфатливо условите поставени на Република Северна Македонија да бидат вклучени во декларацијата на Советот на ЕУ што ја придружува рамката за преговори. Декларацијата на Советот не е правно обврзувачки инструмент и не дава законски гаранции што Бугарија ги бара.

„Ние би имале такви гаранции доколку нашите барања се рефлектираат во текстот на рамката за преговори, на која инсистираме“, се вели во Министерството за надворешни работи

The post Бугарија во писмото до ЕК, сепак остава можност за решение! appeared first on Слободен печат.


Бугарија во писмото до ЕК, сепак остава можност за решение! was first posted on ноември 6, 2020 at 6:05 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....