3.8 C
Скопје
23:34 - 26 октомври, 2026

Кортни Кардашијан шири теории на заговор: Не носете маски, ќе добиете рак!

И старлетата Кортни Кардашијан (41) потпадна на теориите на заговор.

Таа се огласи на социјалните мрежи за да ја сподели теоријата на заговор во која ги предупредува луѓето да не ги покриваат лицата со заштитни маски затоа што ќе заболат од – рак.

„Оние сини медицински маски што мора да се носат во продавниците и на аеродромите се изработени од ПФTE, канцероген изработен од синтетички флуорид. Според страницата Cancer.Org, тие го зголемуваат ризикот од рак на црниот дроб, тестисите, панкреасот, бубрезите и дојките + улцерозен колитис, болест на тироидната жлезда, прееклампсија и висок холестерол. Големото изложување може да предизвика симптоми слични на грип и крвавење во белите дробови, што доведува до гушење“, напиша неодамна Кортни на Инстаграм.

принтскрин

Кардашијан набрзо беше нападната од нејзините фанови за овие тврдења, кои ја истакнуваа  „глупавоста на нејзината објава“.

Нема докази за да се поткрепат тврдењата на Кортни, која ја сподели оваа, всушност, многу опасна дезинформација со своите 102 милиони следбеници на Инстаграм.

Со своето предупредување, таа дури објави и слика на стандардна сина медицинска маска за еднократна употреба.

Американските лекари дополнително предупредија дека нејзините тврдења се апсолутно неточни.

Имајќи предвид дека минатата недела беше напишано дека нејзината помлада сестра Клои Кардашијан (36) е позитивна на коронавирус, нејзините тврдења се особено бизарни и несоодветни во моментот.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....