22:15 - 22 декември, 2024

Брутална, но ефективна стратегија: Како Кина го совлада коронавирусот?

Два месеци откако Вухан, град во кој живеат 11 милиони луѓе, и целата провинција Хубеи беа ставени во карантин, од Кина доаѓа целосно друга слика – лекари кои со насмевка ги вадат маските, медицински работници од други делови на земјата победнички се враќаат дома, властите објавуваат дека ниту еден случај на пренесување на вирусот во земјата не е забележан… Како Кина успеа да го совлада коронавирусот?

Кинеската борба со коронавирусот може да се подели на три фази.

Прва фаза: Молк и замолчување на лекарите

Кога на 17 ноеврми минатата година во Вухан беше забележано дека неименуван маж (55) заболел од нов, дотогаш непознат вирус, никој не можел да замисли каква здравствена криза го чека светот.

Всушност, никој не ни знаел за споменатиот случај. Кинеските власти тоа не го соопштиле, а медиумите не објавиле ништо. На први декември бил забележан уште еден пациент со симптоми на новиот коронавирус, а во периодот од 8 до 18 декември уште неколку.

Резултатите од тестовите на првите случаи предизвикале паника меѓу кинеските лекари. На нив пишувало – САРС. Кина (и целиот свет) и понатаму ја памтат епидемијата од оваа респираторна болест од 2003 година кога речиси 4.000 луѓе заболеа, а околу 800 умреле.

Кинеските доктори, како докторот Ли Венлианг и Аи Фен преку апликација за допишување делеле фотографии од резултатите на тие пациенти во обид да ги предупредат своите колеги дека САРС се вратил, но кинеските власти тоа го сокриле. Двајцата биле предупредени да „не шират гласини“.

Дури на 21 декември, во моментот кога веќе имало десет потврдени случаи, бил објавен текст во кој се наведува дека е идентификувана „пневмонија од непознат примерок“.

Во наредните денови било потврдено дека станува збор за коронавирусот, од која фамилија на вируси доаѓа и САРС, но кинеските власти не ја известувале Светската здравствена организација (СЗО), ниту било која друга релевантна светска институција. Дури ниту своите граѓани.

Ситуацијата се променила во последните денови на 2019 година. Кина конечно ја известила СЗО, но и своите лекари за што се случува.

На 1 јануари имало 266 заразени во Кина, но таа информација, како и веста дека првиот случај е забележан од 17 ноември светот ги дозна кога „Саут Чајна морнинг пост“ на 13 март објави тескт во кој наведува дека имале увид во владини документи и извештаи од тоа време каде тоа го пишува.

Светот на големо се прашувал што се случува во Кина, бројот на заразени поминал 130 до 20 јануари, но кинеските власти и понатаму давале минимални информации за вирусот. Моментот не можел да биде полош. Се ближела кинеска Нова година, време кога милион луѓе патуваат во границите на самата Кина. Постоело страв дека вирусот ќе се рашири толку многу што никој нема да може да го запре. Следела фаза број два.

Втора фаза: Карантин и болници изградени за неколку дена

Од молк кинеските власти преминале во акција.

Ноќта помеѓу 22 и 23 јануари жителите на повеќемилионскиот град Вухан се известени дека од следниот ден ќе бидат под карантин. Светот бил изненаден, а експертите скептични. Никој никогаш не направил нешто слично. Се поставило прашањето дали таа мерка ќе има ефект и како воопшто да се стават 11 милиони луѓе и околните градови во карантин.

Мерките биле драстични. Во Вухан јавниот сообраќај бил во потполност запрен, а движењето со приватни возила било забрането. Не работело ниту метрото, ниту аеродромот, ниту железницата. Никој не можел да влезе или излезе од градот, а на излезите биле поставени барикади. Сите продавници биле затворени, освен тие што продаваат храна или лекови, а училиштата и универзитетите ја запреле работата на неодредено време.

Со време мерките во Вухан се заострувале. На почетокот излегувањето од дома било дозволено, но во некои области било ограничено на еден член на фамилијата на секои два дена и тоа само за купување на неопходни работи. Имало домашни проверки од врата до врата за здравствени прегледи, а сите за кои имало сомнежи дека се болесни морале во изолација.

Кревети за изолација немало доволно, ниту лекари. Кинеските власти ги мобилизирале докторите од целата земја и ги испратиле во Вухан. Додека низ светот шокирано се следело преку интернет, монтажни болници и места за карантин биле правени во рок од неколку дена.

Во борба против вирусот била ангажирана и војската која патролирала низ улиците, како и полиција која ги апсела сите кои го кршат карантинот. Снимките од овие апсења го обиколиле светот, но кинеските власти никогаш не обврнувале внимание на критиките за кршење на човековите права или повиците на слобода на говор.

Трета фаза: Затворање на болниците и помош на другите

Драстичните мерки дале резултати – бројот на новозаразени и умрени драматично се намалил. Уште една добра вест – во цела Кина последните денови не бил забележан ниту еден случај на пренесување на заразата меѓу жителите, а сите нови случаи биле лица кои се заразени надвор од Кина, а потоа дошле во земјата.

Вакви резултати довеле до укинување на некои од мерките во Вухан, иако карантинот се уште е на сила.

Кинеските медиуми објавуваат фотографии од лекари кои пред два месеци се мобилизирани во други делови на земјата, а кои сега се враќаат дома. Една од најгледаните снимки на социјалните мрежи беше таа каде лекарите ги вадат маските од лицето и со насмевка гледаат во камерата.

The post Брутална, но ефективна стратегија: Како Кина го совлада коронавирусот? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....