13.8 C
Скопје
02:14 - 1 мај, 2024

Бразил станува ново светско жариште – Претседателот Болсонаро: Па што, што очекувате од мене да направам?

Повеќе од 300.000 луѓе се позитивни на коронавирусот во јужноамериканскиот континент, кој пандемијата го зафати последен, а Бразил има речиси 136.000 од нив, и според проценките на експертите, оди кон тоа да стане ново светско жариште.

Со таа проценка е согласен и претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез, додавајќи дека Бразил е осма земја во светот по бројот на заразени и претставува голем ризик за земјите во Јужна Америка.

Еден од најстарите медицински магазини „The Lancet“ смета дека најголемиот проблем за земјата која треба да одговори на растечкиот проблем на епидемијата е тоа што на нејзино чело е човек како Жаир Болсонаро.

„The Lancet“ исто така додава дека е загрижувачки и тоа што само за пет дена смртноста е дуплирана, како и тоа што според студијата на Империал колеџот од Лондон спроведена во 49 земји, Бразил била земја каде заразата најбрзо се ширела.

Бразил во средата првпат забележал повеќе од 10.030 нови случаи и 620 мртви. Во земјата досега има повеќе од 9.000 изгубени животи.

Бразилиан репорт наведува дека бројни студии на бразилските факултети, со фактот дека земјата би можела да стане светски епицентар на коронавирусот, предупредуваат и на тоа дека бројот на позитивни случаи во земјата е меѓу 1.6 и два милиони.

Големите градови како Сао Пауло и Рио де Жанеиро сега се главни жаришта, но постои и загриженост и рани знаци дека инфекцијата се пренесува и во малите градови со неадекватен број на респиратори и кревети за интензивна нега.

– Сепак, можеби најголемата закана на бразилскиот одговор на Ковид-19 е претседателот Жаир Болсонаро, навеле здравствените експерти и потсетиле дека претседателот пред неколку дена на новинарите кои го прашале да го прокоментира драстичниот пораст на заболени рекол: „Па што, што очекувате од мене да направам?“

Властите на Бразил бараа мерките во борбата против коронавирусот да се ублажат, бидејќи не сакаат во економската смисла да дозволат земјата да стане нова Аргентина или Венецуела.

The post Бразил станува ново светско жариште – Претседателот Болсонаро: Па што, што очекувате од мене да направам? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....