7.8 C
Скопје
10:37 - 22 ноември, 2024

Браќа во гаражата имаат речиси 18.000 средства за дезинфекција, а не можат да ги продадат (ВИДЕО)

Браќата Мет и Ноа Калвин признале во интервју за Њујорк тајмс дека ги купиле сите средства за дезинфекција на раце и антибактериски марамици кои можеле да ги пронајдат низ Тенеси и Кентаки, откако бил пријавен првиот смртен случај од коронавирус во САД на 1 март.

Тие имале намера да ги продадат по повисока цена и да заработат за време на паниката која настанала заради коронавирусот и буквално ги испразниле малите продавници, но и големите маркети, па почнале да ги продаваат производите на Амазон.

Меѓутоа, откако било објавено интервјуто, луѓето биле шокирани од нивниот потег, а браќата морале да ја донираат својата роба, додека државниот обвинител започнал истрага против нив.

– Тоа беше луда сума на пари, рекол Мет минатата недела, откривајќи дека првите 300 шишиња за дезинфекција на рацете се продавале за цена помеѓу осум и 70 долари по парче и тоа веднаш.

Браќата продале и 2.000 пакувања од по 50 маски за лице за 40 и 50 долари по кутија, па дури и повеќе. Приказната за нив излегла во јавност кога Калвин добил шестоцифрена заработка од продажба на најк патики, играчки за домашни миленици и производи во тренд на Амазон.

Тајмс пренесува дека Амазон ги повлекле нивните производи и илјадници други средства за дезинфекција на рацете, маски за лице и марамици, за да се борат против наплата на цената. Набргу и Ибеј го направиле истото, дури и забрани продажба на сите маски за лице и средства за дезинфенкција на својата платформа.

Така, браќата Калвин сега завршија со 17.700 шишиња за дезинфекција во својата гаража, откако пропаднал начинот да ги препродадат, додека милиони Американци се незадоволни бидејќи не успеале да ги набават нив, а болниците пријавиле смалување на залихите.

Потоа Калвин две третини од своите залихи ги донирале во локалната црква која ќе ги дистрибутира низ земјата, додека канцеларијата на државниот обвинител ги земала останатите, исто така за да ги подели.

The post Браќа во гаражата имаат речиси 18.000 средства за дезинфекција, а не можат да ги продадат (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....