На Фејсбук и Инстаграм страната на сега веќе згаснатата 1ТВ денеска осамна објава во која се вели:
„Доволно долго време паузиравме со објави на нашите профили. Нашата прва објава ја посветуваме на човекот кој ја создаде 1ТВ, Бојан Јовановски и кој се бореше секој вработен во телевизијата да има достоиствен третман, човек кој беше другар со секој враборен во 1ТВ. Ние сме сведоци на фактите кој бил и каков бил Бојан Јовановски, но…Во контекст на оваа фотографија од денешното рочиште за несреќно наречениот правен предмет „Рекет“ сакаме да ве известиме дека целата јавност ќе биде изнанадена од позадината и вистината за предметот „Рекет“. Како беше онаа познатата реплика „Вистината е како шило“. Е, токму тоа шило ќе го дупне надуениот балон наречен „Рекет“!!!“, се вели во пораката.
Според наши информации, станува збор за порака од Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Имено, тој најавил дека преку социјалните мрежи ќе почне да и се обраќа на јавноста, со цел да се слушне неговиот дел од приказната во случајот „Рекет“.
The post Боки 13 прати порака: Јавноста ќе се изненади од позадината и вистината за „Рекет“ appeared first on Слободен печат.