6.8 C
Скопје
10:28 - 16 ноември, 2024

Биолошка катастрофа: Злогласната американска вакцина од 1955 која наместо да спречи зараза, создаде уште поголема епидемија

На 12 април 1955 година, сите американски весници и телевизии оптимистички ја објавија вакцинацијата на вирологот Џонас Салк против детска парализа. Само три години порано, за време на најлошата епидемија на детска парализа во историјата на САД, заразени се 57.000 луѓе, додека 21.000 беа парализирани, а 3,145 починаа. Базените и кината беа затворени, а родителите во паника ги чуваа своите деца дома, прогонувани од црно-белите слики на деца кои се разболеа.

Сепак, чувството за спас во април 1955 година наскоро беше заменето со чувство на загриженост откако вакцината на Салк направи повеќе штета отколку добро.

Се започна кога д-р Џонас Салк разви вакцина против детска парализа во лабораторијата на Универзитетот во Питсбург со помош на добротворни донации, бидејќи американската влада имаше ограничена улога во јавното здравство во раните 50-ти. Дури 300.000 доброволци му помогнаа на Салк да ја заврши вакцината во 1954 година, што беше без преседан во еден од најголемите напори во медицината од 20 век. На повеќе од 200 места за тестирање низ целата земја, волонтерите собраа над 2.000.000 деца – некои добива вистинска вакцина, некои плацебо, што ја прави првата фаза на тестирање на вакцини во американската историја.

Кога тестирањето беше оценето како успешно, владата полека започна да произведува доволно вакцини  на Салк за да го имунизира секое дете и младо лице во Америка. Дури шест фармацевтски компании купиле лиценца за производство на вакцината на Салк.

Сите вакцини делуваат со инјектирање на вирусот во организмот и обука на имунолошкиот систем за да почне со производство на насочени антитела на болеста. Вакцината на Салк беше со мртов вирус кој требаше да произведе полио антитела во крвотокот.

Пресврт

Вирусот во вакцината беше убиен од изложеност на формалдехид, или барем така требало да биде.  Сепак, на 24 април 1955 година, само неколку недели откако биле вакцинирани првите деца, доктор од Ајдахо ги известил надлежните органи дека седумгодишен пациент по име Сузан Пирс имал треска и парализа на левата рака, во која и била инјектирана вакцината. Три дена подоцна, малата Сузан беше мртва.

Се испостави  дека таа не била единствениот случај.  Само во Ајдахо, истата недела биле пријавени уште 14 случаи на детска парализа – повеќе отколку државата ги регистрирала во текот на пролетта.  Откако беа регистрирани неколку стотици случаи на инфекции со детска парализа, надлежните ги запреа сите вакцинации на 8 мај, сè додека не се утврди причината. Истрагата тогаш утврдила дека сите луѓе кои ја примиле вакцината, всушност биле заразени со детска парализа.

Што се случило?

Протеините во вакцината се споиле и го спречиле формалдехидот целосно да го убие вирусот. Децата не само што им вбризгувале жив полио вирус, туку својата активна инфекција ја прошириле на  семејството и пријателите.  Стотици деца и возрасни низ целата земја останале парализирани, а 11 лица починале поради примање на вакцината позната како “Cutter incident”, која ја залула вербата во чудесната вакцина на Салк.

Кога изворот на детска инфекција беше откриен и коригиран, вакцинацијата продолжи, но де факто го затресе интегритетот на вакцината на Салк и ја отвори вратата за конкурентен лек, развиен од неговиот научен ривал Алберт Сабин, директор на Детската болница во Синсинати.

Русите го препознаа американскиот потенцијал

За разлика од вакцината на Салк, која се базираше на мртов вирус, вакцината на Сабин е направена од жив атенуиран вирус, што значи дека бил до таа мерка ослабен што не предизвика активна инфекција, но може да произведе антитела. Исто така, вакцината на Сабин била земена орално во единечна доза, наспроти примање повеќекратни инјекции на вакцината за Салка.

Токму СССР, американскиот непријател,  беше првата земја што ја тестираше вакцината на Сабин.

Сабин е роден во Полска, која тогаш беше дел од СССР и ја прифати поканата на комунистите да спроведат голем тест на орална вакцина врз 10 милиони советски деца. Кога тестирањето беше успешно, Советите наредија вакцинирање на секое лице под 20-годишна возраст, за вкупно 77 милиони луѓе.

Со неверојатна стапка на успех, вакцината на Салк ја изгуби својата полза, а до 1959 година американските политичари сакаа да знаат зошто советските деца се лекуваат со вакцините на американскиот научник и дали САД изгубија во оваа трка. Дури  во 1961 година и во Соединетите држави вакцината на Салк беше официјално заменета со орална формула на Сабин, која сè уште се користи и денес.

The post Биолошка катастрофа: Злогласната американска вакцина од 1955 која наместо да спречи зараза, создаде уште поголема епидемија appeared first on Слободен печат.


Биолошка катастрофа: Злогласната американска вакцина од 1955 која наместо да спречи зараза, создаде уште поголема епидемија was first posted on август 17, 2020 at 1:18 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....