11:45 - 2 април, 2026

Бесплатна мамографија за жените од 45 до 69 години – не ги игнорирајте смс пораките за преглед!

Сите жени во Македонија од 45 години до 69 години ќе добијат покана да направат мамографија и ехо. Целта на скринигот за рак на дојка кој почна по две години пауза поради пандемијата со коронавирусот  е навреме во рана фаза да се детектира болеста.

Од оваа година кај жените каде ќе има наод самиот радиолог ќе закаже кај онколог и торакален хируруг со цел да се намали патот до лекувњето.

Исто така и жените помлади од 45 години кои имаат во семејството рак на дојка може да се пријават на skrinig.zdravstvo.gov.mk или да се јават на 080015444 од 13 до 15 часот секој ден.

Мамографијата се извршува во повеќе здравствени центри во земјава. Постапката не трае повеќе од десетина минути, се извршува на современ апарат, а претходно медицинските лица прават визуелен преглед на дојките на жената.

За да ја направите мамографијата од Министерството за здравство добивате СМС порака во која ве известуваат за терминот и местото каде имате закажан преглед. Доколку сакате да го откажете прегледот, тоа може да го направите секој работен ден до 15 часот.

„Не ги игнорирајте пораките на мобилниот телефон со покана за  преглед на мамографија“, вели докторката од Клиниката за радиологија Светлана Темелковска.

За да го остварите вашето право на преглед, без разлика во која здравствена установа ви е терминот, не треба да се појавувате на шалтер, затоа што прегледот е автоматски закажан. По завршување на прегледот ви кажуваат дека резултатите ќе ви стигнат на вашата меил адреса, а доколку има потреба ќе ви се јават за дополнителен термин за преглед.

„Ракот на дојка е најчесто малигно заболување кај жените и месец октомври е посветен токму на борбата против ракот на дојка, неговата превенција и рано детектирање“, велат во Министерството.

Овој скрининг е посебно значаен за жените кога имаат знаци за промени на дојката или треба да направат контрола. Жената треба да стигне на преглед навремено за да се открие во рана фаза, информираат од Министерството за здравство.

Скрининг мамографијата е бесплатна за жените во програмата, партиципацијата ја покрива Министерството за здравство.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо
Се вчитува....