4.8 C
Скопје
09:19 - 22 ноември, 2024

Белгиски научници се поблиску до третман за коронавирусот

Екипи на универзитетот во Гент и Институтот за биотехнологија се приближуваат кон третман за коронавирусот, објавија медиумите во Белгија.

Не станува збор за вакцина, бидејќи третманот не предизвикува имунолошка реакција, туку за техника која користи антитело со кое се оневозможува да делува протеинот на површината на вирусот, и со тоа се спречува вирусот да се закачи за човечките ќелии.

Тимовите работат заедно со други истражувачи низ светот на овој нов третман и сметаат дека значајно се приближуваат кон убедливи резултати.

Третманот би бил побрзо ефикасен отколку обична вакцина, што би им овозможило на лекарите и медицинските работници побрзо да се вратат на работа. Притоа, објаснуваат истражувачките тимови, постарите пациенти се помалку респонзивни на вакцини, а коронавирусот е најопасен токму за овие лица.

Според достапните информации, тимот е сега во фаза на неутрализација на лабораториска варијанта на Ковид-10, следниот чекор е да се испитува врз жив примерок.

– Важно е да истакнеме дека ни е потребна потврда на нашите резултати користејќи го вирусот кој ја предизвикува епидемијата, изјави професорот Ксавие Саленс, вирологот кој го предводи тимот.

Наскоро се очекува да започнат ин-витро тестирања со вистинскиот Ковид-19 во заштитена лабораторија во градот Лувен.

Тимот добил и финансиска поддршка од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

The post Белгиски научници се поблиску до третман за коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....