-0.2 C
Скопје
20:45 - 23 ноември, 2024

„Австралискиот доктор Фаучи“ објави какви се шансите на Трамп со коронавирусот

Истакнатиот австралиски експерт за коронавирус, докторот Норман Свон се огласи по веста дека Доналд Трамп е заразен со ковид-19 со проценка за ризикот.

Познатиот доктор, кој често го нарекуваат „австралискиот доктор Фаучи“, по главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи, ги зема во предвид годините на американскиот претседател и неговата здравствена состојба. Тој вели дека во 74-тата година стапката на смртност од коронавирусот изнесува меѓу пет и 12 отсто, пренесува Блиц.

Меѓутоа, тој додава дека прекумерната тежина на Трамп го зголемува ризикот за додатни 40 отсто, па во таа ситуација ризикот од смрт од коронавирусот изнесува меѓу седум и 18 отсто, пишува Гардијан.

Утринава Трамп на Твитер објави дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на коронавирусот.

Доналд Трамп и Меланија позитивни на ковид-19

Се огласи и лекарот на Трамп кој порача дека претседателот се чувствува добро и дека ќе продоли да ги извршува своите должности од самоизолација.

Се огласи и Меланија Трамп: Во карантин сме, но се чувствуваме добро

The post „Австралискиот доктор Фаучи“ објави какви се шансите на Трамп со коронавирусот appeared first on Слободен печат.


„Австралискиот доктор Фаучи“ објави какви се шансите на Трамп со коронавирусот was first posted on октомври 2, 2020 at 9:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....