Австралиските власти соопштија дека првите дози на вакцина против Ковид-19 ги очекуваат во јануари, а премиерот Скот Морисон вчера кажа дека дневниот број на новоинфицирани е најмал во последните 10 недели.
Морисон притоа откри дека владата со компанијата „CSL Ltd“ постигнала договор за производство на две вакцини. Првата е развиена од конкурентската фармацевтска компанија „АстраЗенека“, во соработка со Универзитетот во Оксфорд, а втората е таа што во своите лаборатории ја развива компанијата „CSL Ltd“, во соработка со Универзитетот во Квинсленд, пренесоа британските медиуми.
– На Австралија и треба малку надеж. Денеска направивме значаен чекор кон подобрата заштита на здравјето на нашите сограѓани и борбата против коронавирусот, рече Морисон.
Министерот за здравство Грег Хант изјави дека за време на тестирањето и двете вакцини покажале потенцијал да обезбедат „долготрајна заштита”.
Премиерот изрази очекување дека „CSL.Ltd“ ќе испорача околу 3,8 милиони дози вакцини според лиценцата на „АстраЗенека“ и дека државата ќе набави лекови од „CSL Ltd“ доколку тестовите се покажат ефективни.
– Доколку двете вакцини ги минат сите клинички испитувања, Австралија ќе издвои околу 1,7 милијарда долари за вкупно 85 милиони дози, најави австралискиот премиер.
The post Австралија ги очекува првите дози на анти-ковид вакцина во јануари appeared first on Слободен печат.
Австралија ги очекува првите дози на анти-ковид вакцина во јануари was first posted on септември 7, 2020 at 9:04 am.