3.8 C
Скопје
02:17 - 21 декември, 2024

Анксиозност, депресија, несоница, деменција: Дваесет отсто од излекуваните од ковид-19 ќе добијат психичка болест

Една петина од пациентите кои се излекувале од коронавирусот најверојатно ќе развијат некоја психичка болест, велат од Универзитетот Оксфорд по големото истражување што покажало дека 20 проценти од заразените развиле ментални проблеми во рок од три месеци.

Најчести нарушувања биле анксиозност, депресија и несоница, но истражувачите откриле и поголем ризик од деменција.

– Луѓето се загрижени дека излекуваните пациенти од корона се во поголема опасност да добијат ментална болест, а нашето истражување покажа нешто слично, рече Пол Харисон, професор по психијатрија на Универзитетот Оксфорд.

Лекарите и научниците ширум светот се обидуваат да ги утврдат причините за ментални нарушувања што е можно побрзо и да најдат одреден третман за лекување на психата по заздравувањето од коронавирусот, додаде Харисон.

– Здравствените служби мора да посветат посебно внимание, особено затоа што нашето истражување за бројот на ментални нарушувања ќе се земе со резерва, додаде тој.

Студијата, која е објавена во психијатрискиот журнал „Лансет”, електронски анализирала податоци од 69 милиони луѓе во САД, вклучувајќи 62.000 кои биле заразени со коронавирусот.

По три месеци по позитивниот тест на коронавирусот, секој петти излечен имал ментални проблеми за прв пат во животот, како што се анксиозност, депресија или несоница.

Студијата, исто така, покажала дека луѓето кои имале ментални проблеми, пред да бидат заразени со корона, имаат 65 проценти поголема веројатност да се разболат од ковид-19 отколку оние кои немале такви проблеми.

Невролозите кои не биле вклучени во оваа студија рекоа дека резултатите само потврдуваат дека ковид-19 може да влијае врз мозокот и умот, зголемувајќи го опсегот на психијатриски заболувања.

– Ова веројатно се должи на комбинацијата на психолошкото влијание на пандемијата и физичките последици од болеста, изјави Мајкл Блумфилд, консултант психијатар на универзитет во Лондон.

Сајмон Весли, од Кралскиот универзитет во Лондон, вели дека луѓето со одредени ментални нарушувања се изложени на поголем ризик да добијат коронавирус.

– Ковид-19 влијае на централниот нервен систем и може да предизвика нарушувања. Но, ова истражување потврдува дека ова не е целата приказна и дека ризикот е зголемен со претходните состојби на умот, рече тој.

The post Анксиозност, депресија, несоница, деменција: Дваесет отсто од излекуваните од ковид-19 ќе добијат психичка болест appeared first on Слободен печат.


Анксиозност, депресија, несоница, деменција: Дваесет отсто од излекуваните од ковид-19 ќе добијат психичка болест was first posted on ноември 10, 2020 at 1:36 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....