-0.2 C
Скопје
05:08 - 22 ноември, 2024

АНКЕТА – Новите мерки ќе помогнат, но треба поголема контрола и во автобусите и парковите (ВИДЕО)

Вчера беше регистриран најголем број на новозаразени со коронавирус во земјава уште од почетокот на пандемијата, откако за едно деноноќие имаше 364 нови случаи позитивни на Ковид-19. 

Поради ова Комисијата за заразни болести предложи сет на рестриктивни мерки, но засега, како што соопшти и министерот здравство Венко Филипче, не се размислува за воведување на полициски час.

– Се воведува задолжително носење маски или заштитна опрема на носот и устата секаде при престој на отворено, на затворено во кој било јавен објект, на работно место, јавен и приватен транспорт. Исклучок се прави при спортување на отворено и затворено, при транспорт во приватни возила на членови на едно семејство, при седење во уготителските објекти со почитување на соодветни простории, при престој во службени простории ако е лицето само во просторијата – изјави од претходно министрот Филипче, образложувајќи ги мерките кои ги препорача Комисијата за заразни болести, а кои вклучуваат уште и забрана за поголеми семејни собири и забрана за групирање на јавен простор по 22.00 часот.

Филипче: 364 новозаразени пациенти, капацитетот во некои болници е скоро исполнет (ВИДЕО)

Додека се чека конечна одлука од Владата за тоа дали ќе бидат усвоени овие мерки, „Слободен печат“ направи анкета преку која ги праша граѓаните за нивно мислење во врска со новите препораки за заштита.

– Малку не збунија експертите. Едни велат дека е многу штетно цело време да се носи маска, а други дека не е, меѓутоа заморно е да се носи постојано. Сигурно дека мерките ќе помогнат, но тоа е индивидуално, секој треба да си внимава сам за себе – вели еден од испитаниците.

Други пак веруваат дека мерките се применуваат на погрешно место, односно сметаат дека најмногу внимание треба да им се посвети на младите и дека треба поголема контрола на местата каде тие се движат.

Мерките нема да доведат до намалување, туку до зголемување на бројката на заразени. Потребно е да биде поригорозно во автобусите, а не како сега кога тие се полни. И во парковите не треба да има собири, потребно е да има поголема контрола таму и во автобусите – смета друг испитаник.

Од друга страна, во претходно интервју со психологот Марија Котевска Димовска на оваа тема, разговаравме за добрите и лошите последици кои би го донеле овие мерки, а таа вели дека грижата за своето и за здравјето на најблиските е најважно во оваа ситуација.

– Потребно е одговорно да пристапиме кон проценките на превентивните мерки, со фокус на суштествените причини за нивно воведување и да ги поставиме вистинските приоритети во вакви кризни времиња, а животот и здравјето на нашите најблиски, нашите сограѓани и секако на нас самите е најголемото богатство кое треба да го сочуваме – смета Димовска.

Останува да се почека владината одлука и да видиме дали и како овие мерки ќе придонесат за подобрување на епидемиолошката слика во земјава.

ИНТЕРВЈУ психолог Марија Котевска-Димовска: Потребни ни се долготрајни мерки за заштита на менталното здравје во време на пандемија

The post АНКЕТА – Новите мерки ќе помогнат, но треба поголема контрола и во автобусите и парковите (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


АНКЕТА – Новите мерки ќе помогнат, но треба поголема контрола и во автобусите и парковите (ВИДЕО) was first posted on октомври 9, 2020 at 1:16 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....