2.8 C
Скопје
12:08 - 23 декември, 2024

Анализа: Коронавирусот катастрофален за феминизмот, жените се во подредена улога

Ковид 19 е катастрофален за феминизмот. Целопкупното јакнење на жените за нивно подеднакво вклучување во општествените, економски и политички текови, споделените обврски и улога со мажите во семејството, домот и општеството се намалуваат и можат да исчезнат во текот на кризата. Откако се воведени мерките, во државата владее доминација на родовиот стереотип дека улогата на жената е да се грижи за домот и за семејството.

Ова го покажува анализа од истражувањето спроведено од здруженијата Радар, ЕХО -Штип, Гласен текстилец, Рурална Коалиција, Движење против хендикеп Полио плус и Националната мрежа за борба со насилството врз жените и домашното насилство.

Нивните забелешки се од родова перспектива и имаат за цел да го намалат родовиот јаз кај мерките кои се носат од страна на Владата имајќи ја предвид, како што посочуваат здруженијата, изразената подредена улога на жената за време на кризата.

-Додека нашата Влада се бори со невидливиот непријател, со буџетскиот дефицит непредвиден пред епидемијата, со сопрената потрошувачка и запрениот процес на производство и заработка, жените се на прва линија во битката со вирусот како лекарки, медицински сестри, болничарки, хигиеничарки, но и дома, каде во услови на самоизолација и ограничено движење го преземаат најголемиот дел од работата во домаќинството (пазарење, готвење, оддржување на хигиената), наведуваат во соопштението.

Според здруженијата, жените дополнително ја имаат и улогата на едукаторки заради преминот кон онлајн образование потпрено на стожерот – родителска поддршка во учењето и извршување професионални обврски од домот – нивната платена работа во услови на пандемија.

Оваа криза, како што наведуваат во анализата, во огромна мера ја прикажа родовата нееднаквост.

-Иако политичарите ни велат дека не е време за ништо друго освен итен одговор на кризата, организациите кои се членки на Мрежата која ги користи алатките за родово одговорно буџетирање во следењето на Владата за тоа како се трошат јавните пари, во соработка со партнерските мрежи како Националната мрежа за борба против насилството, укажуваат и посочуваат на Владата, локалните самоуправи и меѓународните организации во земјава начини да ги намалат негативните влијанија врз родовата еднаквост во процесот со справување со Ковид 19, наведуваат во соопштение.

The post Анализа: Коронавирусот катастрофален за феминизмот, жените се во подредена улога appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....