30.5 C
Скопје
17:10 - 10 јули, 2026

Анализа: Коронавирусот би можел да убие повеќе од 81.000 луѓе во САД

Новиот коронавирус би можел да убие повеќе од 81.000 луѓе во САД во наредните четири месеци, а епидемијата не треба да се очекува да заврши пред јуни.

Тоа го покажува анализата на податоци извршена од Факултетот за медицина на Универзитетот во Вашингтон.

Најголем број хоспитализирани пациенти заразени со коронавирусот на државно ниво се очекуваат во втората недела од април, со проценка дека може тоа да се случи подоцна во други сојузни држави.

Смртни случаи може да бидат регистрирани дури и во јули, иако нивниот број ќе падне под границите на епидемијата, на помалку од 10 на ден, велат аналитичарите.

Анализата, која се потпира на податоци од Владата, болниците и други извори, предвидува дека бројот на смртни случаи во САД би можел да варира широко, од најмалку 38.000 до максимум 162.000 луѓе.

The post Анализа: Коронавирусот би можел да убие повеќе од 81.000 луѓе во САД appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....