26.8 C
Скопје
16:53 - 29 април, 2024

Аалијанса и Алтернатива ја отфрлија платформата на ДУИ: Не се гледаме во коалиција со Ахмети

Алијансата за Албанците и Алтернатива ја отфрлија албанската платформа со пет точки која ДУИ вчера ја промовираше. За генералниот секретар на Алијансата, Арбен Таравари, понудата е многу несериозна, уште повеќе што доаѓа од една партија која без прекин е 18 години на власт.

-Што не им текна на една ваква Платформа пред една, пет или десет години. Како е можно да заборават на декларацијата од 7 јануари 2017 години каде еден од побитните политички инструменти беше свикување на тркалезна маса на политичките парламентарни партии на Албанците кои г. Ахмети никогаш не ја свика во последните три година. Тој веќе имаше политички инструмент како најголема партија на Албанците да ги свикува за важни прашања партиите на Албанците со претставници во Собранието. Тоа не го стори ниту еднаш. Многу несериозна е ваквата понуда, вели Таравари за Слободен печат.

И од Алтернатива ја отфрлија понудата на ДУИ, нарекувајќи ја безвредна бидејќи доаѓа од партија на чие чело стои човек кој ја краде демократијата и европската перспектива, не само на граѓаните Албанци туку на сите граѓани во Македонија. Ние сме за развиено европско општество но не со луѓе кои ја крадат слободата на изразување на своите сограѓани, вели генералниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи.

-Не прифаќаме национални платформи од човек кој краде гласови и ја краде иднината на своите сограѓани. Им врие под нозете, се плашат од денешниот протест, со кој Албанците ќе докажат пред Европската Унија дека име е украдена слободата на изразување. ДУИ не може да го докаже спротивното, бидејќи самите знаат дека со ги полнеле кутиите и ги уценувале граѓаните да гласат за нив. Редно е Албанците еднаш за секогаш да застанат на стабилни нозе заедно со сите граѓани во државата, вели Реџепи.

Реџепи се огласи и на својот ФБ. Тој таму напиша дека не станува збор за пет туку за 6 национални столбови.

-Го слушам портпаролот на ДУИ како зборува за 5 национални столбови. Но тој го заборавил главниот столб, шестиот столб. 6-от столб на албанската национална политика е столбот на срамот, столб каде ќе се постават сликите на тие што го украдоа албанскиот глас од лидерот на неговата партија со помош на локалните банди. Ако ја украдеш слободната волја е исто како да ги уништиш сите европски демократски вредности кои се стремеж на нашиот народ.
И Алијансата и Алтернатива не се гледаат во коалиција со ДУИ.

Во пресрет на денешниот протест насловоен како „Стоп на кражбата на слободата и иднината на Албанците“, и безуспешниот обид да ги собере албанските партии на средба за да се координираат околу нивната идеја за прв Албанец премиер на Македонија, високиот партиски функционер на ДУИ Бујар Османи рече дека важно е албанските партии да се согласат за една албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика.

1.На изборите не се тркаме со повеќе од две листи.
2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини.
3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор.
4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006).
5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии“, истакна Бујар Османи.

И Алијансата и Алтернатива не се гледаат во коалиција со ДУИ.

The post Аалијанса и Алтернатива ја отфрлија платформата на ДУИ: Не се гледаме во коалиција со Ахмети appeared first on Слободен печат.


Аалијанса и Алтернатива ја отфрлија платформата на ДУИ: Не се гледаме во коалиција со Ахмети was first posted on јули 27, 2020 at 11:19 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....