1.8 C
Скопје
13:00 - 20 декември, 2024

(ВИДЕО) ОД КУЈНАТА НА ДАВОР ПАНЧЕВСКИ: Рецепт за воздушести и ароматични крофни

Сигурно подолг период барате докажан рецепт за супер ровки, воздушести и крцкави крофни.

Денеска, со вас, Давор споделува рецепт кој е брз и лесен за подготвка, а крајниот резултат ќе ве натера да барате парче повеќе.

Како можете секогаш да добиете рамномерно зготвени и воздушести крофни како од познатите пекари.

Потребни состојки:

350 г брашно

1 пакетче сув квасец 2 лажички

3 лажици шеќер

½ лажичка сол

150 мл млако млеко

1 јајце

3 лажици масло за јадење

Масло за пржење на крофните

Џем од јагоди за да ги филувате

кристален шеќер

½ лажичка цимет

ПОДГОТОВКА

Најпрво, во длабок сад ставете го брашното и во него додајте го сувиот квасец, шеќерот и солта.

Добро промешајте ги сувите состојки и додајте го млекото, јајцето и маслото за јадење.

Сите состојки промешајте ги со дрвена лажица за да полесно го оформите тестото.

Добиената смеса префрлете ја на работната површина набрашнета со малку брашно.

Месете додека не добиете меко и глатко тесто.

Оформеното тесто оставете го во длабок сад покриен со кујнска крпа да стасува околу 60 минути или додека не го зголеми својот волумен двојно.

Стасаното тесто префрлете го на работната површина и расукајте кора дебела околу 1 цм.

Со помош на калап за крофни или чаша, пресечете ги крофните.

Покријте ги со крпа и оставете да стасаат повторно околу 10 минути, а за тоа време во тава на оган загрејте масло за јадење на средна температура.

Од стасаните крофни ставете во загреаното масло, нежно пропрскајте ги со метална жица и поклопете со капак. Оставете да се пржат 2-3 минути, а потоа превртете ги да се допржат од другата страна уште 2-3 минути.

Готовите крофни, префрлете ги во сад обложен со кујнски брисач за да ја апсорбира непотребната мрснотија. Секоја крофна превалкајте ја во мешавина од кристален шеќер и цимет промешани заедно и ставете ги на страна.

За да уживањето биде комплетно јас ќе ги наполнам крофните со џем од јагоди.

Во готварски шприц со издаток за полнење ставете го џемот од јагоди. Со помош на ноже направете мала вдлабнатина во секоја крофна, а со готварскиот шприц наполнете ја крофната со фил по желба.

Сервирајте ги крофните со шолја кафе или чај.

За правилно да го подготвите овој брз рецепт за воздушести можете да го погледнете во видеото.

Слични објави

(Видео) Весело на слава кај Миа Костова: Ги собра најблиските во винарија за Св. Никола!

apostolova

Хороскоп за 3 декември: На Рибите и Овните паметот ќе им го мати некој од минатото

Еспресо

Хороскоп за 1 декември: Девиците ќе добијат неочекувана порака од некој што им се допаѓа

Еспресо

Старлетата Ава Карабатиќ најави: Ќе се кандидирам за претседателка на Хрватска!

Еспресо

„Добивав страшен ќотек!“: Милица Дабовиќ проговори за семејното насилство и односот со татко ѝ

Еспресо

(Фото) Меган Фокс е бремена: Актерката на 38 години го очекува четвртото дете!

Еспресо
Се вчитува....